Факти за животот во Италија, кои ќе ги изненадат и најискусните туристи
Независно колку многу патувате низ светот, никогаш нема да може да ги доживеете местата правилно, освен ако не останете таму подолг период.
Не е исто да бидете турист на одредено место и да живеете таму, посебно кога се работи за земја како Италија која крие многу тајни.
Постојат многу факти за оваа земја и за живеењето таму кои веројатно ќе ги изненадат и оние кои неколку пати ја посетиле.
Во продолжение, дознајте нешто ново, или проверете колку ја знаете Италија:
Италијанците имаат различно гледиште за оддалеченост
За околу 10 часа, можете да ја поминете цела Италија од југ до север, бидејќи се работи за оддалеченост од само 1.170 km.
Затоа, ставот за оддалеченост овде е многу поразличен од другите земји, па така, 200 km или 2 часа од Милано до најблиската плажа, за нив е многу долго патување.
Луѓето ја сакаат својата татковина
Италијанците се горди на своето потекло, па кога се претставуваат, прво го кажуваат местото (дури и кога е мало селце), па регионот и на крај самата држава.
Причината може да лежи во наследните спомени и навиката од времето кога Италија не била независна држава, или едноставно затоа што си го сакаат секој најмал дел од својата земја.
Италијанскиот јазик има многу дијалекти
Во Италија, има најмалку 100 дијалекти и тие не се разликуваат само по изговорот или по индивидуални зборови, туку се различни јазици.
На влезот во одредени населби, често има знаци на кои има напишано ознака на италијански и на локалниот дијалект.
Италија е идеална земја за постарите лица
Во оваа земја има многу стари луѓе, а тие со душа чекаат пензија, за конечно да можат да престанат да работат нешто здодевно и да се посветат на она што навистина го сакаат – патување, пишување книги, релаксирање.
Со оглед на тоа што просечниот животен век во Италија е 82 години, со тоа и годините за пензија постојано растат.
И додека кај нас луѓето не сакаат да остарат бидејќи сметаат дека животот тогаш е осамен, а уште помалку сакаат да одат во дом за стари, во Италија е сосема спротивно.
Ако сретнете прекрасна стара вила во италијански град, со прекрасна панорамска глетка, можете да бидете 90% сигурни дека е дом за згрижување на стари лица, бидејќи тие го заслужуваат најдоброто за одмор.
Амбициите на младите луѓе не се охрабруваат
Додека Италија е прекрасна за старите лица, за младите нема многу можности во поглед на кариера.
Сите кои се поамбициозни по завршувањето на студиите, одат во Лондон, Берлин, Хелсинки, или барем во Милано.
Праксите ретко каде се платени, а платите на почетокот се многу мали.
За млади претприемачи во Италија се сметаат луѓето до 40 години, па дури тогаш може да се зборува за вистинска кариера, бидејќи таму ретко може да се сретнат 25-30 годишни кои веќе имаат висока позиција и изградено кариера.