Луѓето кои постојано се жалат живеат подолго: Факти кои откриваат неочекувани аспекти од животот
Патолошка зависност од шеги
Понекогаш, при некои повреди на мозокот, човекот може да доживува искуство на прекумерно шегување, но ако тоа продолжи и се случува постојано, веќе се граничи со болест односно станува патолошко.
Секако, добро е да се има смисла за хумор, но станувањето од сон за да раскажете шега на партнерот не е нормална појава.
Не повеќе од 22% од луѓето можат да мрдаат со ушите
Луѓето кои знаат како да мрдаат со ушите се во многу мал број – некои можат да го прават ова само со кревање на веѓите.
Само 22% од светската популација можат да мрдаат едно уво, а 18% од нив можат да ги мрдаат двете истовремено.
Луѓето кои постојано се жалат живеат подолго
Иако звучи чудно и го очекувавте спротивното, сепак според истражувања, луѓето кои постојано се жалат и не се толку среќни и возбудени за животот, генерално живеат подолго.
Причината за ова е тоа што се ослободени од стрес, бидејќи веднаш ги искажуваат чувствата и потоа се чувствуваат полесно.
Па, следниот пат кога некој ќе почне да ви се жали со солзи во очи, направете го истото!
Срцата на љубовниците чукаат синхронизирано
Веројатно и ова звучи чудно и нереално, но во некои истражувања е докажано дека кога некој е заљубен, срцето му чука во ист ритам како на партнерот.
Се претпоставува дека тоа е така бидејќи луѓето интуитивно развиле навика на имитирање на ритамот на телото на саканиот за да ја зајакнат комуникацијата и односот.
М. М. | Црнобело