Луѓето кои постојано се жалат живеат подолго: Факти кои откриваат неочекувани аспекти од животот
На годишно ниво се спроведуваат огромен број на истражувања, а како резултат на тоа, дознаваме многу нови и неочекувани факти за нашиот прекрасен свет и живот.
Доколку мислите дека знаете сè, верувајте дека секогаш ќе се докаже нешто ново за кое првпат слушате.
Во продолжение, прочитајте неколку интересни факти, кои веројатно ќе ви звучат чудно, но сепак се докажани од научници.
Колку од нив ќе знаете?
Акните го забавуваат процесот на стареење
Британските истражувања докажале дека клетките на луѓето кои претходно пателе од акни, имаат вградена заштита против стареење. Подоцна тоа придонесува на постари години, луѓето да изгледаа помлади отколку што се.
Формата на тело во вид на песочен часовник е поврзана со интелигенција
Истражувањата во кои биле вклучени 16.000 жени, докажале дека оние со облик на тело во вид на песочен часовник имаат повисоко ниво на интелигенција.
Ова е така заради фактот што жените со вакво тело, развиваат повеќе омега-3 масни киселини, што допринесува за поактивен развој на мозокот.
Лебарките можат да гризаат
Во повеќето случаи, тие не ги гризаат луѓето кога имаат храна, но се случува, а тоа на кожата може да предизвика иритација и оток.
Мачките имаат „вграден компас“
Според истражувањата, клетките на мозокот на мачките се осетливи на магнетно поле на Земјата и затоа се однесуваат како да имаат компас, кој им овозможува да си го најдат својот пат.
Мажите исто така имаат ПМС
Поконкретно, тој се нарекува ИМС (иритантен машки синдром), кој е поврзан со опаѓање на нивото на тестостерон во крвта. Иритантност, депресија и повлекување во себе се последица од недостаток на овој хормон во телото.