Биле пример за лична хигиена, жените биле влијателни: Факти за Викинзите

Една од најинтересните серии во моментов, која сите со нетрпение ја очекуваме (а не е „Игра на тронови“), е секако хит серијата „Викинзи“.

Неколку-интересни-факти-за-Викинзите1.jpg

За оние кои не ја гледале, серијата го прикажува животот на викинзите, и нивните походи.

Вистинските љубители на историјата сигурно забележале дека во серијата некои настани се изменети и различни од историските учења.

Викинзите и Колумбо – Колумбо сепак не бил првиот Европеец кој ја открил Америка. Тоа го направил исландскиот викинг Лиф Ериксон уште во 11-тиот век (цели пет века пред Колумбо), кога стигнал на брегот на канадскиот остров Њуфаундленд. Областа која викинзите ја истражиле и населиле во Северна Америка, ја нарекле Винланд.

Митот за шлемовите со рогови – Викинзите всушност не носеле шлемови со рогови. Овој доказ го покажува единствениот автентичен ископан шлем. Роговите се појавиле како идеа од страна на сликарите во 19-тиот век, и се најверојатно инспирирани од нордиските и германските свештеници, кои долго време пред викинзите носеле такви шлемови, но само за време на одредени ритуали.

Викинзите биле пример за лична хигиена – Иако во филмовите и сериите за нив, често ги гледаме покриени во крв и со мрсни коси и валкани алишта, викинзите воопшто не биле такви. Археолошките пронајдоци покажуваат дека за разлика од своите европски современици, викинзите користеле скубалки, бричеви, чешли и слични работи направени од животински коски и рогови.

Викинзите ги закопувале мртвите во бродови – Секако станува збор само за викинзите кои достигнале одредена висина на општествено ниво, како кралеви, јарлови и големи војсководци. Овие луѓе биле закопувани во бродови заедно со различни предмети за домаќинство, оружја, а понекогаш и робови, кои би им биле корисни во Валхала.

Жените викинзи биле еднакви – Жените викинзи, и жените на викинзите биле далеку попочитувани од нивните современички. Жената во ова општество можела да наследува имот, да побара развод, да владее со територија, сè додека не е робинка.

Мнозинството викинзи биле земјоделци – Да, ова е помалку очекувано, и помалку забавно од генералната претстава за нив, меѓутоа само одреден дел од нив биле војсководци со постојано работно време, а останатите биле вешти земјоделци.

Викинзите и скијањето – Голем дел од викинзите користеле скии за да стигнат од едно до друго место. Викинзите ги откриле скиите уште пред околу 6000 години, а можно е пред нив тоа да го направиле древните Руси. Во нордиската митологија постои и бог на скијањето, кој е наречен Улр.

Логото на „блутут“ - Логото на „блутут“ е всушност спој на иницијалите на викиншкиот крал Харалд Блутут, напишани со знаци од рунската азбука. Харалд своевремено бил владетел на Данска и Норвешка. Тој е познат по тоа што ги обединил сите дански племиња во кралство. Инспирацијата за името „блутут“ е добиена токму поради тоа што „обединува луѓе“.

Лувр – Денес светски познатиот музеј Лувр, бил всушност изграден во 12-тиот век со цел да служи како тврдина за да го заштити Париз од викинзите. Во 16-тиот век станува палата, за потоа во 18-тиот век да стане музеј.

Викинзите и мачињата – Викинзите давале мали мачиња како свадбен подарок за невестата. Мачките во тоа време се сметале за важен дел од секој дом, и се тесно поврзани со божицата Фреја, за која се вели дека возела кола влечена од група мачки. Иако, станува збор за шумски мачки кои се драстично поголеми и поразвиени од мачките кои ги знаеме денес.

Викинзите и поезијата – Поезијата се сметала за дар од Один.

Ескимите и викинзите – Викинзите го откриле и населиле јужниот дел од Гренланд векови пред да дојдат ескимите.

Викинзите никогаш не биле едно – Викинзите биле всушност група племиња кои војувале меѓусебно, се случувало некогаш да се сплотат, меѓутоа тоа било само за да победат некој заеднички непријател. Најпознати се норвешките, данските и шведските викинзи, меѓутоа викиншки племиња имало и во Естонија, Русија, Украина, Германија и Летонија. (Исланд и Гренланд биле колонии).

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg