Спиење во ист кревет со татко им: 11 правила кои морале да ги почитуваат децата на Мајкл Џексон
Не смееле да имаат пријатели
Тие биле образовани на ранчот и немале пријатели на нивна возраст затоа што никогаш не го напуштале ранчот. Мајкл бил премногу заштитнички поставен.
Им било дозволена екстравагантност
Џексон изнајмувал цели кино сали за неговите деца да гледаат премиера на некој нов филм во мир. Тој патувал со актовка во која имало многу пари и влегувал во продавница и купувал сè. Еднаш купил дури и цела книжарница.
Сега неговите деца добиваат милиони долари секоја година (околу 8) и трошат на раскошни забави, автомобили и патувања.
Морале да се држат до своите афроамерикански корени
Парис Џексон откри дека нејзиниот татко постојано им зборувал за нивните афроамерикански корени и таа верува дека е Афроамериканка.
Иако, неговите деца се сосема бели, тие изјавија дека веруваат дека Мајкл е нивниот биолошки татко и покрај тврдењата на другите дека не е така. Родени се од бела сурогат мајка, сепак се премногу светли за да имаат црн татко, односно Мајкл, тврдат многумина.
Од капење до хранење, Мајкл правел сè сам и им бил и мајка и татко. Нивна мајка е Debbie Rowе, која Мајкл најмногу ја гледал само како некој кој ќе ги донесе на свет неговите деца. Но, во 2009 ѝ биле одобрени права на посета на децата.
Божиќ славеле цела година
Божиќните украси стоеле цела година. Мајкл сакал славеничка атмосфера во домот затоа што неговите родителите биле Јеховини сведоци и како дете немал можност да ги слави големите празници.
Морале да го сакаат мирот, да се трудат да го променат светот, да ги сакаат животните, да носат слободни животни одлуки, сами да одберат религија и да го ослободуваат гневот преку плачење
Прочитајте и ѕвездата на „Сам дома“ проговори за контроверзното пријателство со Мајкл Џексон!
С. С. | Црнобело