Спиење во ист кревет со татко им: 11 правила кои морале да ги почитуваат децата на Мајкл Џексон

Не смееле да го напуштаат ранчот Neverland, но забавните активности таму смееле да ги практикуваат само во специјални пригоди.

spienje-vo-ist-krevet-so-tatko-im-11-pravila-koi-morale-da-gi-pochituvaat-decata-na-majkl-dzekson-01.jpg

Мајкл Џексон беше и ќе остане еден од најголемите артисти на планетава. Пејачот имаше неверојатна кариера, но и три деца за кои срцето го даваше.

Сепак, тој имаше некои свои уникатни правила во воспитувањето на Michael Joseph Jr. (Prince Michael), Paris Michael Katherine и Prince Michael II, познат како Blanket (Bigi).

Правила кои морале да ги почитуваат неговата ќерка и двата сина:

Морале да ги покриваат лицата на јавни места

Ретко медиумите успеваа да ги фотографираат децата на Мајкл Џексон, но и кога го правеа тоа тие имаа маски во силни бои на лицата или пак марами.

Пејачот наводно го мразел интересот на медиумите дали неговите деца личат за него, а дополнително на тоа, важна му била и нивната приватност поради страв од киднапери.

spienje-vo-ist-krevet-so-tatko-im-11-pravila-koi-morale-da-gi-pochituvaat-decata-na-majkl-dzekson-15.jpg

spienje-vo-ist-krevet-so-tatko-im-11-pravila-koi-morale-da-gi-pochituvaat-decata-na-majkl-dzekson-02.jpg

Не смееле да се гледаат во огледало предолго

Чудно за човек кој беше опседнат со својот изглед, но неговите деца кога се спремале за некаде не смееле предолго да се гледаат во огледалото.

Мајкл обожаваше да танцува пред огледала, но верувал дека тие ги регистрираат и најситните работи, па ако предлго се гледате може да почнете да се чувствувате некомфорно околу својот изглед.

spienje-vo-ist-krevet-so-tatko-im-11-pravila-koi-morale-da-gi-pochituvaat-decata-na-majkl-dzekson-03.jpg

Не смееле да го напуштаат ранчот Neverland

Тематскиот парк во Калифорнија беше остварување на сонот на секое дете, сепак јавноста имаше сомневања во исправноста на одлуката на Мајкл да ги одгледува децата во овој огромен, изолиран, забавен парк.

Уште пред пејачот да стане татко, тука носел разни деца за забава. Од ролеркостери до зоолошка градина, Neverland е вистински детски рај.

Но, по смртта на пејачот во 2009 година децата на Мајкл се соочија со реалниот свет, а ранчот беше ставен на продажба во 2015.

spienje-vo-ist-krevet-so-tatko-im-11-pravila-koi-morale-da-gi-pochituvaat-decata-na-majkl-dzekson-04.jpg

Возењата во Neverland биле само за родендени и специјални пригоди

Ќерката на Мајкл, Парис откри дека тие имале нормален живот на ранчот и возењата на ролеркостерите, на пример, се користеле само како награда за некое добро однесување или пак во специјални пригоди.

На Neverland илјадници деца, повеќето сиромашни и обесправени, поминале и се забавувале. Мајкл со тоа надополнувал што немал вистинско детство.

spienje-vo-ist-krevet-so-tatko-im-11-pravila-koi-morale-da-gi-pochituvaat-decata-na-majkl-dzekson-05.jpg

Морале да го делат креветот со Мајкл

Во еден документарен филм, тогаш 44-годишниот Мајкл, тврдел дека сите родители треба да го делат креветот со своите деца и со луѓето што ги сакаат.

Тој откри дека го делел креветот и со ѕвездата од Home Alone, Меколи Калкин.

spienje-vo-ist-krevet-so-tatko-im-11-pravila-koi-morale-da-gi-pochituvaat-decata-na-majkl-dzekson-06.jpg

Морале да ги делат играчките и тие им биле ограничени на три, четири

Иако, Мајкл Џексон трошел огромни суми пари на играчки, неговите деца морале да научат да бидат скромни и да живеат нормално. На децата им оставал мал број играчки, а другите ги испраќал по сиропиталишта по целиот свет.

Но, и покрај строгоста неговите деца го обожавале затоа што и самиот се однесувал како дете, често пеејќи песни и претворање на сè во игра. По обвинувањето на Мајкл за злоупотреба на деца, во рација во 2003 полицијата пронашла бизарни кукли во големина на луѓе на Neverland.

spienje-vo-ist-krevet-so-tatko-im-11-pravila-koi-morale-da-gi-pochituvaat-decata-na-majkl-dzekson-07.jpg

Уште 5 правила на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg