10 работи што ќе се случат кога принцот Вилијам ќе стане крал
Тој ќе се пресели во палата со речиси 800 соби и на британските пари ќе го има неговиот лик.
Кралицата Елизабета е една од монарсите која е најдолго на власт, речиси 70 години.
По нејзината смрт на власт ќе дојде нејзиниот син принцот Чарлс, а по неговата смрт - принцот Вилијам. Но, доколку Чарлс не ја прифати улогата, тогаш веднаш по Елизабета на власт ќе дојде Вилијам.
Тој е најстариот син на принцот Чарлс и принцезата Дијана.
Кои работи ќе се променат во неговиот живот кога ќе стане крал:
Ќе треба да одбере име за себе
По добивањето на тронот кралот треба да одбере име, често од веќепостоечките имиња во монархијата. Затоа постојат толку крал Џорџ и крал Чарлс, на пример.
За среќа, името на Вилијам е веќе користено во монархијата, па тој може да го задржи. Ако го задржи ќе биде крал Вилијам V.
Кејт нема да има право да владее, ако Вилијам почине прв
Кејт ќе стане кралица, но нема да може да го наследи тронот, во случај Вилијам да почине затоа што тоа треба да биде некој од крвно сродство, со случајов нивниот син - принцот Џорџ.
Ќе се смени британската валута
На парите во Велика Британија го има ликот на кралицата Елизабета, па кога ќе ја наследи принцот Чарлс на нив ќе биде испринтан неговиот лик, а кога него еден ден ќе го замени принцот Вилијам ќе стои неговиот лик.
Ова е голем удар за економијата во Велика Британија, но е стандардна процедура.
Ќе има официјално крунисување
По смртта на кралицата Елизабета и откажување од тронот на Чарлс или во случај да стане крал, тогаш по неговата смрт, ќе има погреб и церемонија за последен поздрав, а по неколку месеци следува крунисувањето на новиот крал.
Присутни ќе бидат светски лидери и видни политичари од секаде.
Добротворната работа ќе му биде приоритет
Вилијам сега е познат како филантроп, но тогаш неговите учества во добротворни акции ќе се зголемат.