Со него ѝ бил првиот бакнеж, строги се со децата: 8 факти за бракот на Мила Кунис и Ештон Кучер
Три месеци биле „пријатели со бенефиции“
На почетокот се договориле да имаат отворена врска и да може да се состануваат и со други луѓе, но по 3 месеци си ветиле верност.
Немаат потреба од дадилка
Мила Кунис е една од најбараните актерки во Холивуд, но таа не сака дадилка затоа што смета дека миговите минати со децата се најпосебните мигови од нивните животи.
Таа вели дека има две прекрасни деца и сè функционира совршено.
Не објавуваат фотографии од децата на Инстаграм
Уште од тинејџери и Мила и Ештон се во фокусот на медиумите, па сметаат дека нивните деца имаат право на приватност и личен избор, па затоа не споделуваат фотографии од децата на Инстаграм.
Не сакаат децата да им бидат снобови
Тие го ограничуваат купувањето подароци и внимаваат на воспитувањето затоа што не сакаат нивните деца да станат разгалени, зависни личности.
Голем дел од нивното наследство еден ден планираат да го дадат во хуманитарни цели, а не како наследство на децата. Тие ги учат децата дека мама и тато имаат пари, но тие се сиромашни.
С. С. | Црнобело