Со него ѝ бил првиот бакнеж, строги се со децата: 8 факти за бракот на Мила Кунис и Ештон Кучер
За разлика од останатите холивудски парови тие не се расфрлаат со пари и со фотки од децата на Инстаграм.
Мила Кунис и Ештон Кучер се едни од омилените холивудски парови. Тие се поинакви од останатите, а и нивната љубовна приказна е уникатна.
Иако, се еден од најбогатите парови на светот, своите деца ги воспитуваат во духот на скромноста.
Факти за бракот на Мила Кунис и Ештон Кучер:
Многу ја ценат приватноста
Тие својата врска долго време ја криеја од јавноста и за разлика од другите холивудски парови не се обидуваат со помош на својот брак да добијат слава.
Првиот бакнеж на Мила ѝ беше со Ештон во серијата „That 70’s Show“
Иако, во серијата ги глумеа љубовните партнери Џеки и Мајкл, тие беа само пријатели. Мила имаше 14 години и го доживеа првиот бакнеж во животот токму на снимањето со 19-годишниот Ештон.
Ја обожаваат улогата на родители
Првото дете го добија во 2014 година, а второто во 2016. Велат дека децата комплетно им го промениле животот на подобро, но домот им е како хаотична зоолошка градина.
Во 2012 година била фаталната ноќ
Тие наишле еден на друг на едно доделување на награди и Мила откри дека тоа ѝ било првпат кога е сингл да преспие кај некој маж.