Брачни проблеми, срамежливост: 11 причини зошто животот на Бијонсе не е толку совршен
Падовите на сцената
Таа е професионалец, но не е имуна на инциденти, па досега имаше неколку незгоди на сцената од кои едната на концерт во Орландо.
Сепак, станува и како блескава ѕвезда продолжува со настапите потоа.
Работела „обична“ работа, како и сите други
Секој мора да започне од некаде, па така и Бијонсе имала привремена работа во салонот за убавина на нејзината мајка.
Но, нејзините родители толку многу верувале во нејзиниот музички талент, што татко ѝ дал отказ од работа за да се посвети на градењето на нејзината кариера.
На сцената е друга личност
Бијонсе вели дека кога ќе излезе на сцената не е Бијонсе, туку нејзиното алтер его кое е огнена личност преполна со самодоверба и има дури и име Sasha Fierce.
На ваков начин таа ја вади својата внатрешна дива на површина и се справува со срамежливоста.
Го изгубила својот ментор
Кога имала само 15 години нејзиниот ментор Andretta Tillman починал од рак. Без неа и нејзините лекции во детството Бијонсе најверојатно не би била ѕвездата што е денес.
Како тинејџерка била дел од сообраќајна незгода
Кога имала 16 години Бијонсе доживеала сообраќајна незгода со нејзиниот братучед и нејзиното тогашно момче.
Таа до денес има лоши спомени од ужасната случка на автопатот во Хјустон, каде, за среќа, немало настрадани.
С. С. | Црнобело