Живее по свои правила: 9 причини зошто Џенифер Лопез секогаш ќе биде вистинска дива
Не живее по ничии правила
Зад себе има низа пропаднати љубовни врски, кои биле осудени од страна на медиумите, но таа не живее по ничии правила и не се смирува додека не ја пронајде својата вистинска љубов.
Не ѝ е важно што зборуваат другите, само цели кон тоа да биде среќна.
Децата ѝ се на прво место
Во една пригода Лопез изјави дека кога станувате мајка, како цел свет да занемува.
Нејзиниот фокус се децата и ниту еден проблем не може да ја спречи за да се вложи максимално во нив и да мине квалитетните мигови со нив.
Има армија почитувачи низ целиот свет
Луѓето ширум светот ѝ се восхитуваат на талентот и ја обожаваат. Таа има цела армија фанови што неизмерно ја почитуваат и сакаат да знаат апсолутно сè за нејзиниот живот.
Има големи соништа
Џенифер сонува да има неверојатна кариера, среќно семејство и да се сака себеси пред сè, и успешна е во тоа.
Ако во големата слика има маж, добредојден е, но ако не, повторно не е проблем затоа што таа сонува големо и не се откажува.
С. С. | Црнобело