Живее по свои правила: 9 причини зошто Џенифер Лопез секогаш ќе биде вистинска дива
Знае да направи баланс помеѓу семејството и работата и има армија почитувачи низ целиот свет. Едноставно е незапирлива!
Таа е една од оние жени кои никогаш не сопираат и секогаш се туркаат себеси надвор од комфорната зона.
Свесна е за својата слава и талент, но секогаш сонува големо и сака повеќе, свесна е дека може повеќе.
Зошто Џенифер Лопез е и засекогаш ќе остане вистинска дива?
Таа знае како да се забавува
Иако, во петок навечер наместо во ноќен клуб најверојатно е во студио и низ смеа ужива во процесот на снимање на нови песни и спотови, таа знае како да се забавува.
Неверојатно енергична жена е со силен карактер и позитивен став и токму тоа ја прави вистинска инспирација. Нејзините настапи се доказ за тоа.
Познава огромен број на луѓе
Џенифер Лопез има природен талент, но и години и години работа зад себе, па затоа денес е бренд во музичката индустрија.
Ги знае сите од областа и во пријателски односи е со сите од холивудската А-листа.
Застрашувачка е за многу мажи
Таа е силна, самоуверена и независна жена и тоа ги плаши мажите кои се несигурни во себе. Сите велат дека бараат силна партнерка, но кога имаат таква не можат да се носат со неа, а Џеј Ло е дефинитивно од тој ков.
Таа постојано е во фокусот на јавноста, додека мажот останува како сенка зад неа. Не може секој маж да се справи со тоа.
Вистински професионалец е
Знае како да направи баланс со обврските во својот живот и да пронајде време за сè.
Таа е вистински професионалец и без разлика дали глуми, пее, режира или танцува, таа се вложува комплетно и резултатот е одличен.
Не се плаши да ги покаже атрибутите
Го обожава своето тело и не се плаши да покаже со што располага со помош на провокативни стајлинзи.