13 факти за бракот на Анџелина Џоли и Бред Пит, кои можеби не ги знаевте
Нивната врска, брак, па и развод ги полнеа и сè уште ги полнат медиумите. Тие беа 12 години заедно, но само 2 години во брак.
Заедницата Бранџелина повеќе не постои, а Анџелина Џоли и Бред Пит тргнаа во различни животни насоки.
Нивниот брак е една од најиконските холивудски љубовни приказни. Многу контроверзии, многу нејаснотии.
Работи за бракот на Анџелина Џоли и Бред Пит, кои можеби не ги знаевте:
И Бред и Анџелина никогаш не признаа дека тој ја изневерил Џенифер со Џоли, иако сите мислат дека сè започна како вонбрачна афера.
Најверојатно да не беше филмот „Mr. And Mrs. Smith“ тие немаше воопшто да се сретнат и да се венчаат.
Интересно е што прв избор за улогите во филмот биле Џони Деп и Никол Кидман, но поради други обврски не прифатиле.
Бред Пит беше во брак со Џенифер подолго, отколку што беше во брак со Анџелина.
Нивниот брак траеше 5 години од јули 2000 година до октомври 2005, а бракот со Џоли му траеше само 2 години.
Децата на Бред и Анџелина им помогнаа да ги напишат свадбените завети.
Тие беа 10 години заедно и имаа 6 деца пред да се венчаат во август 2014 на интимна церемонија на југот од Франција. На венчаницата на Џоли имаше цртежи од сите деца.
Анџелина ја потврди врската со Бред дури откако забремени во 2006.
На Анџелина Џоли бракот со Бред Пит ѝ беше трет.
Таа од 2000 до 2003 беше во брак со Били Боб Торнтон, кој беше 20 години постар од неа и со кој имаше однос полн страст. Првиот брак ѝ беше со актерот Џони Ли Милер од 1996 до 1999.