Некои луѓе немаат папок, тој е ерогена зона: 13 интригантни факти за папокот
Зголемување на градите може да се направи преку папокот
Многу медицински процедури, меѓу кои и зголемувањето на градите, може да се направат преку папокот. На овој начин се избегнуваат лузни.
По пирсингот на папокот потребно е долго време за закрепнување
Пирсингот на папокот може изгледа атрактивно, но просечно време на закрепнување по ставањето обетка на папокот е 6 до 12 месеци.
Плус, ако не внимавате, може да предизвика сериозни инфекции.
Нечистотијата во папокот е чуден микс
Ако не внимавате на хигиената на папокот во него се прави чуден микс од влакна од облека, коса и мртви клетки од кожата.
Бидејќи мажите имаат повеќе влакна во оваа област, ситуацијата е посериозна.
Најчудното хоби на светот – собирање на папоци
Колку и да изгледа чудно, некои луѓе имаат хоби да собираат папоци.
Graham Barker од Австралија го држи светскиот рекорд во колекција на папоци, со кој влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2000 година.
Уметникот Rachel Betty Case дури создава мали фигури од папоци.
Папокот е ерогена зона
Огромната чувствителност во овој предел е поврзувана со статусот на папокот како ерогена зона.
Некои психолози тврдат дека папокот го акцентира струкот на жената, нејзините облини и посочува на убавината и плодноста на женското тело и самото гледање на него сексуално возбудува.
Но, ова сè уште предизвикува дебати. И некои тврдат дека глетката на папокот им е непријатна.
Тестирајте се - Што кажува формата на вашиот папок за вас?
С. С. | Црнобело