8 историски предвидувања што се исполнија
Од Никола Тесла до Роберт Бојл, светот може да се пофали со брилијантни умови кои на некој начин биле способни да ја предвидат иднината.
Некои луѓе со своите идеи и размислувања како да се пред своето време. Тие претчувствуваат што е тоа што допрва ќе дојде и, иако за време на нивниот животен век никој не ги сфаќа сериозно нивните идеи, тие се вистински револуционери.
Од нуклеарното оружје до интернетот, погледнете што сè било предвидено од некои мудри умови долго пред да се појави:
Тонењето на Титаник
Во 1898 година Морган Робертсон во книгата „Futility“ пишувал за масивен титаниумски брод кој ќе потоне во студените водни на Северниот Атлантски Океан откако ќе удри во санта мраз.
По 14 години Титаник потона во идентични околности. Двата брода потонаа во месец април, имаа слична големина и брзина и преживеаја половина од луѓето на бродот.
Нуклеарната војна
Авторот на книгата „War of the worlds“, Херберт Џорџ Велс во 1914 година предвидел дека ќе дојде време на деструкција со оружје за масовно уништување, какво што никој не можел да замисли дека е возможно.
Пишувал и за нуклеарна рачна граната во еден од неговите романи.
Прогноза за појавата на Wifi
Тесла во 1909 година во едно интервју изјавил дека безжичната комуникација ќе биде можна со мобилни телефони.
Тој, исто така, предвидел дека ќе има интернет долго пред неговата појава.
Трансплантација на органи
Роберт Бојл, познат како татко на хемијата, во 1660 година ја предвидел револуционерната идеја за трансплантација на органи, која тогаш била незамислива.