Во светот 250 милиони деца се присилени на тешка работа: 15 тажни, но вистинити факти
Светот е преполн со луѓе што немаат вода и струја и луѓе што се продаваат како робови, додека ние паничиме кога немаме WiFi.
Игнорантноста понекогаш е благослов. Мислите дека сакате да знаете за тажната реалност во светот, сè додека не ја дознаете.
Листата на тажни, но вистинити факти сигурно ќе разбуди бура од емоции во вас:
1. Постојат 2.500 антички јазици кои се или исчезнати или се во опасност да бидат заборавени засекогаш.
2. Во 1992 година научниците го открија најосаменото суштество на Земјата, кит кој повикувал партнерка веќе две децении. Китот комуницирал на фрекфенција која не ја користеле другите китови, па затоа не добивал одговор.
3. На Марс има два роботи Curiosity и Opportunity, кои истражуваат, но се наоѓаат на спротивни страни од планетата, па никогаш нема да се сретнат. На првата годишнина на Марс Curiosity бил програмиран да си пее сам на себе „Happy Birthday“.
4. Кога некој има оружје во домот, 22 пати поголема е веројатноста дека ќе биде искористено за самоубиство или случајно пукање, отколку за одбрана од провалници.
5. Истражување покажа дека луѓето што се опседнати со шопинг го прават тоа за да ја избегнат осаменоста, но таа навика прави да се чувствуваат уште поосамени.
6. Милијарди луѓе на светот живеат на места каде нема пристап до чиста вода или пак во места каде другите можат да купат вода, но тие не можат да си ја дозволат.
7. Истражување покажа дека поголемиот дел од луѓето што донираат во добротворни цели го прават тоа само затоа што тоа прави да се чувствуваат како добри личности.
8. Во САД има многу бездомни кучиња и мачки, што секоја година се успиваат 2.7 милиони од нив за да се направи место во засолништата за нови што шетаат по улиците.