Виаграта била создадена за срцеви проблеми: Чудни факти кои ќе мислите дека се лажни
Има многу работи со кои секојдневно се соочувате за кои мислиме дека се лажни без разлика за што станува збор.
Понекогаш, колку и да постојат докази за нешто, едноставно е неверојатно да биде вистина.
Па, така е и со овие факти. Тие се толку многу чудни, што ќе ви биде тешко да поверувате во нив, но сепак се вистинити.
Дознајте кои се тие:
Виаграта била оригинално тестирана за срцеви проблеми
Модерната употреба на виаграта била откриена случајно. Првично, научниците барале лек кој ќе ги опушта крвните садови. Но, се појавил „несакан ефект“ од лекот, што довело до тоа виаграта денес да биде користена за друга намена.
9 од 10 луѓе патат од синдромот „фантомско вибрирање“
Овој синдром е состојба во која човекот, најчесто кога е под стрес, чувствува дека телефонот му ѕвони или вибрира. Интересно, овој феномен бил предвиден уште во 1996-та година во комичниот стрип Dilbert, но бил поврзан со пејџери.
Автоматите (за храна и пијалаци) убиваат повеќе луѓе од ајкулите
Статистички, автоматите при пад предизвикуваат 2 смртни случаи на годишно ниво. А, нападите на ајкулите се поретки од еднаш годишно. Уште еден факт – паѓањето на кокосот исто така предизвикува повеќе смртни случаи од ајкула.
Индиските домаќинства поседуваат 11% од златото во светот
Носењето златен накит е дел од индиската култура, па земјата е најголем потрошувач на златото. Индиските домаќинства поседуваат околу 18.000 тони злато, што е повеќе од резервите на САД, Швајцарија, и Германија, заедно.
Во Кина, потребна е дозвола од владата за реинкарнација
Ако некој сака да се реинкарнира, мора да поднесе апликации во владата и може да ги оствари плановите само по нивно одобрување.
Универзитетот Оксфорд е постар од империјата на Ацтеките
Теночтитлан, главниот град на Ацтеките, бил изграден околу 1325-та година. Универзитетот Оксфорд нема точна година на создавање, но предавањата постојат од 1096 година.