Интересни факти за цигарите
И на активните и на пасивните пушачи овој текст ќе им биде подеднакво интересен, затоа што ги таргетира двете категории.
Дознајте за цигарите сè што досега можеби не сте знаеле и бидете добри деца – настрана од цигарите и пушачите.
- Според податоците на Светската здравствена организација, околу 25% од цигарите кои се продаваат во светот се криумчарени.
- Никотинот кај редовните пушачи може да се најде во секој дел од телото, па дури и во мајчиното млеко.
- Цигарите се најпродаваниот производ на планетата.
- Секојдневно, само во САД, околу три илјади деца помали од 18 години започнуваат да пушат.
- Никотинот се смета за единствената дрога која истовремено и стимулира и релаксира.
- Во фабриките на тутунската индустрија не ретко се додаваат различни хемикалии и се користат тајни постапки на изработка, сè со цел никотинот во цигарите да биде неколку пати посилен од оној од природните стебленца на тутунот.
- Уреа, хемиско соединение кои е една од главните состојки на урината, често се додава во цигарите како би се подобрил нивниот вкус.
- Само 3 цигари произведуваат и до десет пати повеќе штетни честички од мотор на автомобил кој работи половина час.
- Ширум светот околу 700 милиони деца секојдневно се изложени на чад од цигари.
- Жените се почувствителни на дејството на никотинот, затоа што концентрацијата на овој токсин во крвта варира значително повеќе отколку кај мажите. Поради тоа и желбата за цигари кај жените е посилна.
- Во текот на одвикнувањето, мажите повеќе се потпираат на силната волја, додека за жените најважна е подршката од околината.
- Секоја цигара гори околу 12 минути.
- Цигарите некогаш се промовирале како корисни за здравјето. Биле наведувани во фармацевските енциклопедии сè до 1906 година, а не ретко и самите лекари ги препорачувале.
- Цигарите не биле поврзувани со ракот на бели дробови сè до триесеттите години на минатиот век.