Интересни факти за леваците

Луѓето кои прават сè со левата рака се доста поретки од деснаците, па можеби затоа за нив има и доста поинтересни факти.

interesni-fakti-za-levacite-01

Ова се неколкуте кои ќе ве воодушеват доколку не сте ги знаеле:

- Во Месопотамија левата рака била симбол за несреќа, а хебрејските предци ја поврзуваат со демоните.

- Во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век сите леваци немале право да се венчаат, ниту пак да имаат деца.

- Во Велика Британија постои здружение кое се грижи за леваците. Основано е во 1990 година, а за задача има да им го олесни животот на неговите членови.

- Од 1976 година во САД се празнува денот на леваците, секој 13 август.

- Според статистиките, 11% од населението во Европа се леваци.

- 2/3 од леваците се припадници на машкиот пол.

- Пресметано е дека во последниот век, бројот на леваците е зголемен за четири пати.

- Кина е најнаселена држава, но има најмал процент на леваци - само 1,5%.

- Во 12% од случаите со еднојајчани близнаци, едниот е левак, едниот е деснак.

- Леваците се личности кои најчесто имаат коефициент на интелигенција над 131.

- На некои јазици десно има и значење како нешто правилно, исправно ( пр. Англискиот) а со тоа левото се означува како нешто погрешно.

- Се смета дека луѓето чија десна мозочна хемисфера е поразвиена, а левата рака поагилна, имаат предност во спортовите како тенис, бокс и мечување.

interesni-fakti-za-levacite-1

- Леваците се понапредни во замислувањето на фигури и облици, така што нешто што е нацртано на хартија лесно го проектираат тридимензионално, па затоа поуспешните архитекти се леваци.

- Леваците почесто се склони кон случајни повреди можеби затоа што сè е свртено на десна страна.

- Генот LRRTM1 влијае на почесто користење на левата рака, а истиот тој може да доведе до појава на дислексија – неспособност за читање.

- Кон самоубиство повеќе склони се леваците, за разлика од деснаците. И тоа во однос 3:1.

- Леваците имаат три пати поголеми шанси да станат алкохоличари, бидејќи ја користат десната страна на мозокот, која е помалку толерантна спрема алкохолот.

- Ако двајцата родители се леваци, шансите и нивното дете да биде левак се 50%. Истовремено, двајца деснаци родители имаат само 2 проценти шанси да добијат левак дете.

interesni-fakti-za-levacite-2

- Леваците достигнуваат сексуална зрелост 4 до 5 месеци покасно од деснаците.

- Леваците кои преживеале мозочен удар многу полесно се опоравуваат.

- Во Пенсилванија постои колеџ, единствен во светот, каде што може да се школуваат исклучиво леваци.

- Деснаците живеат околу 9 години подолго од леваците.

- Дали детето ќе биде левак може да се открие во последниот триместар од бременоста.

- Од последните седум американски претседатели, 5 биле леваци.

- Се смета дека Леонардо да Винчи пишувал со двете раце, во двете насоки.

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg