Мудри мисли и цитати за пријателствата

Следниве неколку мисли и цитати ќе ви го разнежнат срцето, ќе ви ја отворат душата и ќе ви го насочат умот кон само еден пријател.

mudri-misli-i-citati-za-prijatelstva

Затоа, внимателно читајте и насочувајте ги вашите мисли.

  • Ги почитувам пријателите кои за мене наоѓаат време во зафатениот ден, но повеќе ги сакам оние кои не го ни погледнуваат распоредот за денот.

  • Не им верувам на пријателите кои бараат од мене да бидам искрен. Всушност, она што го сакаат е да им потврдиш дека се во право.

  • За пријател сметајте го оној на чие разбирање и утеха можете да се ослоните, а чие мислење веднаш може да го прифатите заради искреноста и праведноста.

  • Правиот пријател никогаш нема да ти застане на патот, освен ако одиш надолу.

  • Многу луѓе би се возеле со тебе во лимузина, а всушност тебе ти се неопходни оние кои ќе се возат со тебе во автобус кога лимузината ќе се расипе.

  • Пријателите ќе те пратат онаму каде што парите не можат.

  • Лошиот пријател е како сенка... Кога е сончев ден, никако не можеш да се ослободиш од него, а кога е тмурно никаде не можеш да го најдеш.

  • Кога сиромашниот ќе кивне, мора самиот себеси да си каже: „На здравје!“

  • Кога пријателите с е против вас значи или сте апсолутно во право или пак многу грешите.

  • Имаме помалку пријатели отколку што мислиме, а повеќе од што знаеме.

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg