10 поуки за животот
Понекогаш е убаво да застанете и размислите за животот, за луѓето околу вас, за настаните. Можностите се на прагот, зграпчете го денот и живејте до максимум.
Имајте ги на ум овие 10 поуки:
1. Луѓето не се против тебе – тие се за себе.
2. Немој да се качуваш на планина за да те види светот, туку за да можеш ти да го видиш светот.
3. Повеќе поуки извлекуваш од неуспехот отколку од успехот, затоа не дозволувај неуспехот да те сопре. Тој само го зацврстува карактерот.
4. Најопасно од сите ризици – ризикот да го поминеш животот не правејќи го она што сакаш затоа што мислиш дека ќе можеш да го направиш некогаш во иднина.
5. Оди онаму каде што те слават, не онаму каде што те толерираат.
6. Личноста со која ќе поминеш најмногу време во својот живот си ти самиот, затоа потруди се колку можеш да се направиш себе си позабавен.
7. Ако ги прифатиш своите ограничувања, ќе можеш да преминеш преку нив.
8. Луѓето често велат дека мотивацијата не трае. Не траат ни ефектите од капењето. Затоа и се препорачува секојдневна доза.
9. Секој човек кој ќе го сретнеш во животот, се плаши од нешто, сака нешто и нешто има загубено.
10. Комфорот е непријател на големите достигнувања.