Дали сте знаеле дека...?
Постојат мал милион факти и работи на светот кои не ги знаеме. Но, не за џабе рекле „човекот учи додека е жив“ па ние наидовме на неколку интересни новитети за нас.
Дали сте знаеле дека:
1. Џон Бон Џови има ресторан без цени? Гостите плаќаат колку можат или волонтираат во замена за оброкот.
2. 70% од убиствата во Детроит остануваат нерешени.
3. Главниот преведувач во Европскиот парламент – Јоанис Иконому, течно зборува 32 јазици.
4. Бил Клинтон додека бил претседател има испратено само два мејла.
5. Ако си умрете сами во Амстердам и немате кој да дојде на погребот, поет е задолжен да напише поема за вас и да ја рецитира на погребот.
6. Најголемиот затвор во Боливија е своевидно општество без чувари позади ѕидовите. Осудениците си бираат свои лидери, имаат свои закони, работат за да си платат кирија и дури може да живеат со своите семејства внатре.
7. Во 1973 година, пијан возач го уништил најизолираното дрво среде Сахара.
8. Јапонскиот Остров Окинава е познат како најздраво место за живот на планетата затоа што има повеќе од 450 луѓе над 100 години.
9. Слоновите се плашат од пчели.
10. Магнум и екстра големите кондоми се дизајнирани да одговараат на најголем процент од мажите. Егото е клучно во продажбата.
11. Има 30 милиони Фејсбук профили на луѓе кои веќе умреле.
12. Збирот на бројките на рулетот е 666.