10 факти за Сончевиот систем кои звучат нереално
6. Месечината Тритон е најстуденото тело во Сончевиот систем.
Тритон е една од месечините на Нептун, а просечната температура на нејзината површина изнесува -235 степени Целзиусови.
7. Меѓународната вселенска станица прави орбита околу Земјата за 90 минути.
Станицата се наоѓа на околу 400 километри од површината на земјата, а се движи со брзина од околу 8 километри во секунда.
8. Уште не знаеме што сè има во нашиот Сончев систем.
Досега се откриени 194 месечини, 3.583 комети, 796.289 астероиди и, секако, планетите и Сонцето.
9. Повеќето астероиди се наоѓаат помеѓу Марс и Јупитер.
Таканаречениот Астероидски појас е област помеѓу Марс и Јупитер во која се наоѓаат мнозинството астероиди од Сончевиот систем.
Интересно е што ова е сепак преголем простор и ако стоите на еден астероид во појасот, нема ни да можете да ги видите другите бидејќи се многу оддалечени едни од други.
10. Сонцето содржи 99,86% од масата на целиот Сончев систем.
Масата на Сонцето е околу 330.000 пати поголема од таа на Земјата.
Масата на Сонцето е толку голема, што во пресметките не се ни пишува како еден број, туку - 1.989 × 10^30kg.
Спирова С. | Црнобело