Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа

Сакала да изврши самоубиство

Сиа веќе беше влезена во музичките води кога имала проблеми со зависност.

Кога се чувствувала како да го достигнала дното, во 2010-та, Сиа ја напишала песната Breathe Me во која ја опишува својата болка.

Истата вечер, пејачката посегнала по својот живот.

Во интервју за Rolling Stone од 2018-та, таа се отвори за оваа вечер и мигот кога ѝ се вратила желбата за живот:

„Дел од мене сигурно сакаше да живее бидејќи во тој момент си помислив ’Надвор има цел свет, а јас не сум дел од него. Но, би сакала да бидам‘“.

Кога се премислила, веднаш ѝ се јавила на пријателка. Веќе следниот ден, пејачката отишла во центар за рехабилитација.

dechko-zaginal-vo-soobrakjajka-probal-da-se-samoubie-tragichniot-zhivot-na-sia-05.jpg

Има биполарно нарушување

Како за зависностите, пејачката отворено зборува и за нејзините проблеми со менталното здравје.

Таа вели дека мора да користи лекови за да ги контролира симптомите на биполарното нарушување.

Истовремено, смета дека нарушувањето кај не се развило бидејќи користела марихуана на само 13 години. Таа верува и дека донекаде е виновна генетиката – проблемите на нејзиниот татко.

Секако, мисли и дека проблематичниот однос со татко ѝ има некакво влијание.

dechko-zaginal-vo-soobrakjajka-probal-da-se-samoubie-tragichniot-zhivot-na-sia-06.jpg

По разводот, три години не можела да стане од кревет

Сиа се венча со Ерик Андерс Ланг во 2014-та, но нивниот брак траеше само две години.

Тогаш пејачката изјави дека самата поднела барање за развод поради разликите помеѓу нив.

Но, разводот имал ужасно влијание врз неа.

„Се разведов и ова ме исфрли од колосек. Поминав низ многу мрачен период и бев во кревет три години. Бев многу, многу депресивна. Тој период не можев да направам буквално ништо“.

dechko-zaginal-vo-soobrakjajka-probal-da-se-samoubie-tragichniot-zhivot-na-sia-07.jpg

Страда од хронична болка

Во 2019 година, Сиа откри дека е дијагностицирана со синдром познат како Ehlers-Danlos.

Овој синдром има влијание врз сврзното ткиво, предизвикува замор, а може да биде причина и за хронична болка.

„Страдам од хронична болка поради невролошка болест. Само сакам да ви кажам на сите кои страдате од болка, без разлика дали физичка или емоционална, ве сакам и не се откажувајте.

Животот е тежок. Болката е демотивирачка, но не сте сами“, гласи нејзината објава.

dechko-zaginal-vo-soobrakjajka-probal-da-se-samoubie-tragichniot-zhivot-na-sia-08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg