Дечко ѝ загинал во сообраќајка, пробала да се самоубие: Трагичниот живот на Сиа
Кога Сиа имала 24 години, нејзиниот дечко загинал во сообраќајка. Поради загубата, таа станала зависна од лекови и алкохол, а кога го достигнала дното, посегнала и по својот живот. Иако денес ужива во светска слава, животот на Сиа бил далеку од лесен.
Денес Сиа важи за една од најталентираните пејачки, а стана препознатлива по огромните перики со кои си го крие лицето.
Иако денес ужива во светска слава и е генерално задоволна од својот живот, во минатото се соочила со бројни трауми и трагедии.
Неколку детали од трагичното минато на Сиа:
Има лош однос со татко ѝ
Родителите на Сиа се развеле кога таа имала само 10 години. Иако пејачката го гледала татко ѝ за празници и слични важни настани, никогаш не успеале да изградат добар однос.
Во 2014-та, Сиа откри дека татко ѝ имал „две лица“ додека таа растела. Иако никогаш не добил дијагноза за биполарно нарушување или нешто слично, пејачката вели дека дефинитивно имал таков проблем.
„Имаше две лица – едното беше Стен, едното Фил. Фил беше како најдобриот татко на светот. Но, кога се појавуваше Стив, беше многу страшно“, изјави пејачката во шоуто на Хауард Стерн.
Дечко ѝ загинал во сообраќајка
Пред да стане светски позната, во далечната 1997 година, Сиа имала сериозна врска.
Накратко раскинале, но токму кога пробувале да ја обноват врската, дечко ѝ загинал во сообраќајка во Лондон, и тоа на неговиот роденден.
На денот на несреќата, Сиа била во Тајланд, па ги дознала вестите од мајка ѝ. Дечкото бил удрен од камион, по што возачот веднаш избегал и никогаш не бил пронајден.
Смртта на саканиот имала голем удел во подоцнежните проблеми со зависност на пејачката.
„Отидов на неговиот погреб и неговите пријатели од Лондон беа многу фини. Ми се јавија и ми рекоа дека ми купиле билет и дека можам да останам кај нив.
Па, отидов, бевме 13 луѓе, тагувавме и пиевме многу алкохол“, сподели Сиа во една пригода.
Со години водела битка со зависност од лекови и алкохол
Со цел да се справи со смртта на дечко ѝ, Сиа почнала да пие многу алкохол, но и да користи лекови.
Сакајќи да ја зголеми свеста за овој проблем, Сиа отсекогаш била отворена за мрачниот период од нејзиниот живот.
„Бев сериозно зависна од лекови за болка и, отсекогаш сум пиела алкохол, но не бев свесна дека сум алкохоличар“.
Во 2018-та, Сиа се пофали дека е трезна веќе осум години.