Мудри мисли за поубав викенд
Мудрите изреки се оние кои остануваат и се споменуваат низ времињата. Вреди секогаш да имате барем дел од нив на ум, затоа што можат често пати да помогнат и да ве направат побогати и посреќни.
Ова е нашиот избор за денес:
1. Дури кога ќе престанеме да се плашиме, почнуваме да го доживуваме секое искуство, болно или радосно; да живееме во благодарност за секој миг, да живееме изобилно.
2. Стори го тоа сега! Ако чекаш совршени услови, никогаш нема да го направиш.
3. Животот е толку убав бидејќи никогаш нема да се повтори.
4. Не оди по веќе истапкан пат, каде и да води. Место тоа, оди таму каде што нема пат и остави трага.
5. Штом ќе почнеш да веруваш во себе, ќе знаеш како да живееш.
6. Животот е полн со разни обврски и одговорности, но основна и најважна е одговорноста што ја имаме кон себе.
7. Кога ќе помине денот, раскрсти со него. Си сторил се што си можел; некои грешки и глупости сигурно се провлекле; заборави ги колку што можеш побрзо.
8. Дали сакаш да бидеш среќен? Тогаш направи го својот живот едноставен како дишењето.
9. Ако внесувате среќа во животот на другите не може, а да не ја чувствувате и самите.
10. Светот можеби нема да оддаде признание на храброста на малите луѓе, но би се распаднал без нивната храброст и издржливост.
Подготвил: Н. Буџакоски