13 непотребни факти од животот
Човечкиот род успеал да се одржи и да се прилагоди на околината благодарејќи на својата снаодливост. Сепак, и ден денес не можеме да знаеме сè.
Ние собравме неколку тривијални и апсолутно непотребни факти кои имаат за задача да изнудат насмевка кај вас на лицето.
1. Вкупната тежина на сите мравки на планетата Земја е поголема од вкупната тежина на сите луѓе.
2. Ако сакате да се најдете на листата на најбогати луѓе на Форбс морате да бидете милијардер, а за да заработите милијарда долари во една година, просечно морате во една секунда да заработите $31.69 долари, што значи на крајот на денот сте побогати за $2,739,726.03 долари.
3. Бразилскиот пајак (Phoneutria nigriventer) со еден гриз ги решава сите машки проблеми. Имено неговиот отров содржи хемикалии кои можат да предизвикаат ерекција во траење и до четири часа.
4. Пајо Паторот бил забранет во Финска затоа што оцениле дека овој Дизниев јунак може да влијае на моралот и да ги повреди чувствата на граѓаните затоа што не носи гаќи.
5. Анатидаефобија е страв дека некаде во светот постои патка која ве набљудува.
6. Хипопотомонстросесквипедалофобиа е страв од долги зборови.
7. Во резервоарот на еден Џамбо џет има гориво со кое можете со својот автомобил да направите четири круга околу Земјата.
8. Желките имаат вкус на јаболка, а црвите на пржена сланина.
9. Средствата против комарци не ги одбива комарците туку вас ве прави невидливи. Хемиските состојки ги блокираат сетилата на комарците кои не се во состојба да го детектираат топлиот оброк во облик на вашите раце или нозе.
10. Уреа, хемиска состојка која се наоѓа во мокрачата, се додава во цигарите за да се зајакне нивниот вкус.
11. Ако се верува на нутриционистите, целерот има негативни калории, односно човековото тело троши повеќе калории додека го вари целерот отколку што содржи истиот.
12. 40% од светската популација никогаш во животот не направила телефонски разговор.
13. Ако кивнете пресилно можете да скршите ребро.