Најубавите мисли на Џон Ленон за љубовта и животот

И покрај тоа што Џон Ленон бил личност со многу мани, неговиот музички и активистички опус и денес инспирира милиони луѓе ширум планетата.

 najubavite-misli-na-john-lenon-za-ljubovta-i-zivotot-001.jpg

Ова се неколку негови безвременски мисли:

1. Животот е нешто што се случува додека сте зафатени и правите планови за други работи.

2. Ако уживате додека го трошите времето, тогаш тоа време не е залудно потрошено.

3. Постојат две главни мотивациски сили: страв и љубов. Кога се плашиме, се оддалечуваме од животот. Кога сме заљубени, се отвораме кон сè она што ни носи животот. Важно е прво да научиме да се сакаме себе си. Ако не знаеме да се сакаме себе си, не можат да не сакаат ни другите. Еволуцијата и надежта за подобар свет тргнува од тоа дека не смееме да се плашиме да го живееме животот со полн здив.

4. Верувам во сè, сè додека некој не ми го докаже спротивното. Верувам и во самовили, митови и змаеви. Сето ова постои макар само во нашиот ум. Кој е тој кој може да ни каже што се сништа, а што реалност?

5.  Сметајте ја својата старост според бројот на пријатели, а не години.

6.  Кога секој човек би го посакувал мирот онолку колку што посакува нов телевизор, во светот би владеел мир.

7.  Ако некој мисли дека мирот и љубовта се недостижни, тогаш тој е во потполна заблуда. Љубовта и мирот се вечни.

8. Кога имав пет години, мајка ми секогаш ми зборуваше дека клучот на животот лежи во срцето. Кога тргнав на училиште, ме прашаа што сакам да бидам кога ќе пораснам. Напишав „среќен“. Ми рекоа дека не сум ја сфатил поентата на задачата, а јас им одговорив дека тие не ја сфатиле поентата на животот.

9. Верувам во Бога, но не верувам дека тој е едно суштество, долгобрадиот старец на небото. Верувам дека е она што луѓето го нарекуваат Бог во сите нас. Верувам дека Исус, Мухамед, Буда и сите останати биле потполно во право. Погрешиле само луѓето кои ги превеле и толкувале нивните пораки.

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg