Ние, со последните сили остануваме и преживуваме тука. Нè сметате за магариња, ни се потсмевате и нè понижувате. Вредиме само кога доаѓаат избори, кога е дојдено времето за гласање. Тогаш од уста не нè вадите – народот, та народот. Тогаш сме битни и неопходни. Време кога граѓаните од втор ред ги ставате на пиедестал да блеснат. Истите тие што ги третирате како стока...