Рано изутрина, температурата минус 6, редица пред локалната бурекчилница. Сите се брзаме на работа, поспани, уморни и по малку депресивни, сосема типично за почетокот на секоја година. Како за беља, секогаш ќе ти се погоди некој неодлучен што не може 15 минути да се реши што да појадува. Како да ќе нема утре, денеска умираме сите. Ова е вашиот последен појадок во животот...