Трагедијата не бира вера, боја, националност, пол. Таа удира силно, тогаш кога најмалку очекуваш. Тогаш кога безгрижно си се качил во автобусот во кој можеби се возиш секој ден. Си се поздравил со најблиските, а можеби и не, едноставно си брзал. А лошиот миг трае колку едно трепнување, колку еден краток здив. Што е животот...