„Леле маци, дебела сум“ – кажа другарката со 60 kg на другарка ѝ која мака мачи со 90 по породувањето

Девојка со помалку од 60 kg ѝ се жали на другарката која е многу покрупна од неа и има уште половина од нејзината килажа налепена на нејзиното тело после породувањето.

Lele-maci-svinja-sum-01.jpg

„Леле мациии, значи не знаеш, се осеќам како свиња! Стока. Не можам да престанам да јадам. Вчера па да знаеш колку изедов! Цел помфрит со мајонез (ууу, повикајте полиција под итно да се казни за мајонезот) и 2 мали чоколатца. Крава, ти викам КРАВА сум!“

Еве јас, наместо другарка ти, ќе ти направам услуга и ќе ти кажам дека тоа не те прави другарка. Другарка ти пристојно се смешка, додека стомакот ѝ се превртува од непријатност, а лицето ѝ се бои со црвенило од срам.

Затоа што низ главата ѝ поминува само една мисла – ако за себе мислиш дека си крава, што ли мислиш тогаш за мене? Како изгледам јас во твоите очи?

„Ама нееее мациии, ти си друго, супер си, уживај… ама ти викам, види ме мене, стокава!“

Многупати сум ги слушнала овие коментари од девојки кои се во златната средина, ни слаби ни дебели, и не им фали апсолутно ништо. Ама не, ние не ги сфаќаме и сме бесчувствителни за нивните недостатоци и проблеми, и за тој 1 грам салце што им ѕирка под градникот.

Не е проблемот во телото и салцето невидливо за голо око што можеш да го видиш само со лупа, купи си нов градник. Мал ти е тој, сакаш да сместиш тело на возрасна жена во градник од тинејџерските денови. Тоа ти е проблемот.

Сериозно сакам да знам што сакате да докажете со ова? Жена која не е задоволна со својот изглед не позира по купачи на социјални мрежи.

Не дека го осудувам ова, напротив, одлично е. Среќна си, задоволна си со својот изглед, слави го. Ама од друга страна уста не затвораш колкава крава си. Сега секси си или крава си, одлучи се.

А во меѓувреме не го тормози другите кои ја немаат среќата да изгледаат како тебе, дали екстремно послаби кои мака мачат да качат некое килце или подебели кои мака мачат да симнат.

Потребното внимание може да се добие и на друг, поинвентивен начин. Престани да се фрустрираш себеси и сите други, да се нагрдуваш со лоши коментари кога нема потреба од тоа, да се споредуваш со фотошопирани ѕвезди на Инстаграм и да тонеш во солзи како никогаш нема да изгледаш како нив.

Уште малку ќе ја дочекаме 2021, а нам сè уште најголемиот проблем и опсесија ни е кој како изгледа…

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Мамо, заработи ли во странство доволно пари за да ми купиш ново детство?“ – трогателно писмо кое ќе... „На мои 4 години со тато отидовте во странство за да заработите за мојата иднина...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg