Ана од Скопје: „Колекцијата од 402 салфетки ја собирам 20 години, а некогаш чудно ме загледуваат кога ги земам од прослави“

„Се случувало на прослава, да ме погледнат толку остро, како да сум украла нешто, па дури и вина сум почувствувала.“- открива 27-годишната Ана, на која собирањето декоративни салфетки ѝ е пасија веќе 20 години.

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-01.jpg

Се сеќавате ли на времињата од детството, кога покрај ливчињата од детска пошта, собиравме и украсни салфетки од родендени и секакви прослави?

Додека некои луѓе го оставија тоа хоби во детството, има и такви кои до ден-денес го гледаат ова како своја пасија и уживаат во колекционерството.

Ана Ризовска Близновски е 27-годишна девојка од Скопје, која веќе 20 години посветено собира декоративни салфетки, а вели дека тоа за неа е повеќе од само хоби, и претставува мост на сегашноста и нејзиното детство.

Досега Ана има собрано вкупно 402 салфетки, кои уредно ги чува во кутии, а неодамна во Фејсбук група откри дека има проблем за менување, па побара дали има и други такви како неа, кои знаат од каде може да најде уште салфетки.

Позитивно се изненадивме кога видовме дека покрај Ана, уште многу други жени открија дека го имаат истото хоби и покрај тоа што детството одамна останало зад нив.

Поразговаравме со Ана за нејзината интересна пасија, а таа за CRNOBELO.com одговори на неколку прашања:

Раскажи ни нешто за твојата пасија, како ги собираш салфетките?

Порано, многу деца собираа салфетки, па си имав на секоја страна потенцијален разменувач. Сега тие што собираа, или ги фрлиле, или им исчезнале салфетките.

Така да, тој традиционален начин, некако ми е потешка форма сега. Затоа сега собирам од прослави и во такви моменти предвреме си кажувам дека јас всушност собирам салфетки, па затоа си ја земам таа од мојата чинија.

Ако се погоди фер домаќинката, можам да добијам уште една, за дупликат. :) Исто така, се случувало, особено во детството, некоја комшика да ми донесе салфетка (ако ја земала таа од некоја прослава или ја имала дома).

Најинтересен начин ми е кога мајка ми ќе ми се јави да ми каже: „Еј ај види на Вибер, ти пуштив слика, дали ја имаш оваа салфетка.”

Што значи, колекционерскиот живот потајно живее во фамилијата.

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-10.jpg

Како ги чуваш салфетките, со оглед на тоа што се во голем број?

На почетокот беа во празни кутии од бонбониери, но како се зголемуваше нивниот број, почнав да ги ставам во кутии од чевли.

Ден денеска, стојат во такви кутии, само ги менувам доколку се оштетат. Секоја кутија е означена со бројка, а внатре салфетките се подредени по тематика (велигденски, новогодишни, цветни, храна, роденденски итн.), а секоја тема е подредена по боја.

Многу често се случувало да најдам згужвана салфететка па да ја испеглам за да можам да ја ставам и неа во колекцијата.

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-12.jpg

Како реагираат луѓето кога ќе видат дека уште собираш салфетки, раскажи ни интересна случка...

Сум имала многу смешни ситуации. Кога ќе ме виделе дека барам салфетки, ќе ми речеле: „Аммм, уште собираш? Хахах абе бегај таму не си го губи времето.” 

Се случувало на прослава, мислам слава дека беше, да ме погледнат толку остро, како да сум украла нешто, па дури и вина сум почувствувала.

Ама, битно сум земала салфетка. Од друга страна пак, постојат луѓе кои многу ја ценат колекционерската работа, без оглед дали станува збор за салфетки, беџови, запалки, магнети, сликички со фудбалери и сл. 

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi10.jpg

Дали има други луѓе како тебе кои уште го имаат детето во себе и пасијата од детството уште не им исчезнала?

Секако дека има. Можеби во моето опкружување нема во голем број, но секако дека постојат. Пред некој ден сосема случајно имав пишано во една група на Фејсбук, каде побарав совет дали постои некаде место или група на социјални медиуми каде може човек да најде салфетки.

Пријатно се изненадив кога наидов на многу одговори од девојки и жени кои сè уште собираат салфетки. Се договоривме откако ќе стивне пандемијата, во некои подобри времиња, ќе се менуваме. Дури покренавме иницијатива и за група на Фејсбук каде ќе може да се допишуваме за размена. Доста интересно :)

Салфетките го обоија моето детство во најубавите шари. Искрено се надевам дека оваа пасија ќе продолжи низ следните генерации.

Дел од колекцијата салфетки на Ана:

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-02.jpg

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-09.jpg

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-08.jpg

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-07.jpg

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-06.jpg

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-05.jpg

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-04.jpg

ana-od-skopje-kolekcijata-od-402-salfetki-ja-sobiram-20-godini-a-nekogash-chudno-me-zagleduvaat-koga-gi-zemam-od-proslavi-03.jpg

Прочитајте и Се вративме назад во времето кога собиравме детска пошта (фото)

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Некогаш vs. сега: Како изгледаат денес ѕвездите по кои лудувавме во 1990-те? Брендон од Beverly Hills, Ејдан од Sex and the City - колку се остарени ѕвездите...
Тијана Дапчевиќ за CRNOBELO лексикон: „Му скршив заб на девојче во петто одделение“ „Kога сум била во градинка, на 4-5 години, сум зела вазна со вода, сум се полила...
Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата в... Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскио...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg