Поучна приказна што многу ќе ви помогне во животот
Еден ден разбојници му го киднапирале 5-годишниот син на еден човек и го запалиле целото село во кое живеел.
Кога таткото се вратил од пат, во дворот му се причинило дека го видел јагленисаното тело на својот син. Плачејќи и корнејќи си ја косата дека му го запалиле детето, тој ја собрал пепелта и секогаш ја носел со него.
Сметал дека тоа се останките од неговото дете.
Еден ден на неговата врата се вратил синот, кој побегнал од разбојниците. Тропал на татковата врата, но таткото кој плачел и ја носел вреќичката со пепел секаде со себе прашал: „Кој е таму?“
„Тато, јас сум, твојот син“, му одговорило детето. „Отвори ми.“
Таткото помислил дека некој ужасен човек се шегува со него. Му викнал да си оди и продлжил да плаче. Детето упорно тропало, но таткото не отворал. По некое време детето си отишло и таткото и синот не се виделе никогаш.
Поуката е дека ако нешто сметаш за вистина и се држиш до тоа премногу, кога ќе дојде вистината на твојата врата, нема да ѝ отвориш.