Купуваат облека, ја носат за излегување со етикета, па ја враќаат - да, и ова е реалност во земјава

За време на епидемијава, ретко си земам за слобода да седнам да испијам кафе во кафуле или да јадам во ресторан. Едноставно, не ми е природно и пријатно.

kupuvaat-obleka-ja-nosat-za-izleguvanje-so-etiketa-pa-ja-vrakaat-taznata-realnost-na-mladite-denes-01.jpg

Се охрабрив неодамна да седнам на пијачка со пријателка во надворешниот дел на едно од популарните кафулиња во Скопје, во некое бош време во сабота – 19 часот.

Супер беше, празно и тивко, сè додека во 21 часот не се создаде таква гужва од млади, слободни и безгрижни лица кои уживаа во групи од 10 луѓе на маса додека менаџерот одеше од маса на маса и ги гушкаше познатите прашувајќи дали е сè во ред.

Бев шокирана од тоа како светот функционира нормално, додека јас навистина сум загрижена за здравјето на блиските и се гледам со неколку пријатели на отворено на далечина, со сопругот и родителите.

Но, да преминам на главното. Немав избор, па морав да отидам во тоалет. Се протнав низ гужвата со маска (а, сите ме гледаа чудно, дури и да ти стане непријатно) и стигнав до тоалетот каде што чекав ред.

Две девојчиња стоеја пред огледалата се шминкаа и си ги поправаа фризурите, кога забележав дека на блузата на едната девојка сè уште стои белешката и етикетата од брендот на продавницата.

За момент помислив да ѝ споменам, кога истото го забележав и кај нејзината пријателка, па сепак се решив да премолчам, бидејќи колкава е веројатноста ова да не е намерно?

Иако сум слушала честопати за тоа дека постојат девојки кои купуваат облека, ја носат, а потоа ја враќаат во бутиците – не ми се верувало.

Сè почеста е оваа појава секаде во светот, а особено на Балканот и Русија. Девојки во потрага по внимание на социјалните мрежи, се сликаат со облека од скапи брендови, во скапи автомобили со чевли и чанти кои не ги поседуваат.

Неодамна, имаше една дискусија на Твитер на оваа тема за девојките во Србија. Некои од коментарите беа:

„Изнајмуваат фустани за да излезат во град.“

„Денес може да се купи буквално сè. Во времето кога јас бев девојка мораше да научиме како треба да се носиме со себе и да работиме на себе. На никого веќе не му е гајле за убавината на душата на луѓето.“

„Во Белград одамна постои еден старо-нов тренд: место каде што кога треба да одиш на свадба ќе те нашминкаат, дотераат и облечат во брендирани алишта, со скапа чанта и ќе ве испратат со такси на веселба. Таму ќе бидеш вистинска кралица и ќе направиш илјада селфи. Следниот ден ќе вратиш сè назад. Неколку стотици евра.“

Нема ништо лошо во изнајмување облека која веќе никогаш нема да ја облечете, но најчесто ова не е целта на девојките.

kupuvaat-obleka-ja-nosat-za-izleguvanje-so-etiketa-pa-ja-vrakaat-taznata-realnost-na-mladite-denes-02.jpg

Во Русија постојат агенции кои нудат да се сликаш со приватни авиони, брендирана гардероба, луксузни часовници, и изнајмуваат фотограф кој ќе ви направи одлични фотки.

Далеку од тоа дека треба да осудиме некого кој изнајмил облека, спорно е повеќе лажната слика која луѓето ја креираат за себе на социјалните мрежи.

И додека ни е важно што ќе облечеме, па се служиме со разни трикови за другите да си речат „Еј, види оваа богата е!“ добро би било да застанеме и да се освестиме за реалноста и да го промениме она што не ни се допаѓа.

Денес илјадници луѓе низ светот имаат лажна претстава за животот и реалноста токму заради лажната слика креирана на социјалните мрежи.

Да не дозволиме ова да биде пример за идните генерации...

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
Се скарав со најдобрата другарка, егото не ми дава да ѝ попуштам - Како уништивме 15 години пријател... „Плачев зашто не ми беше сеедно, зашто работите се менуваа, зашто наместо да има...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg