Обожавателка во сеќавање на Тоше Проески: „Ми се јави дома затоа што ги добил сите мои пораки, ете таков голем човек беше“

Вторник, 16-ти октомври 2007 година, 9 часот наутро добив повик од другарка која плачејќи ми рече „Тоше загинал во сообраќајна несреќа”. Не сакав да верувам. Го вклучив радиото и слушнав негова песна, ја сменив станицата мислејќи дека случајно така се погоди, но повторно негова песна. Ми се пресекоа нозете, рацете ми трнеа и почнав да треперам, исто како и во овој момент додека пишувам.

obozhavatel-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-mi-se-javi-doma-zatoa-shto-gi-dobil-site-moi-poraki-ete-takov-golem-chovek-beshe-1.jpg

Денес, 13 години по трагичната смрт на Тоше Проески, се сеќаваме на нашиот ангел преку текст напишан од еден од неговите најголеми фанови. 

Неговиот лик, дело и хуманост ќе бидат засекогаш врежани во нашите сеќавања, но да не дозволиме и младите генерации да не дознаат каков човек беше тој.

Го пренесуваме текстот напишан од Грациела Петровска за CRNOBELO.com во целост:

Недела, 25-ти јануари 1981 година, 11 часот наутро. Во градот под Марковите кули на свет дојде новиот член на семејството Проески. Мало и слатко детенце со специфични очи кои му даваа посебна убавина на неговото секогаш весело и насмеано лице. Му дадоа име Тодор кое значи „Дар од Бог”.

Уште како мал тој бил многу срамежлив, растен во Крушево во скромно и сиромашно семејство, но со огромна желба и дарба за пеење.

Неговиот прв јавен настап се случува во 1992 година, на фестивалот Златно славејче на негови 11 години. Патот кон ѕвездите му започнува во 1997-ма кога настапува на фестивалот Макфест со песната „Пушти ме”.

Сите се прашуваа кое е ова дете со ангелски глас. Бидејќи потекнувам од музичка фамилија која ги следеше сите изданија на Макфест, така и оваа 1997-ма на мои 6 години будно го следев фестивалот, а кога се појави тој во дневната соба настана молк.

Тогаш првпат дознав за Тоше и во истиот момент стана мој идол, а и на многу други девојки. Уште тогаш ја препознавме неговата скромност и големина.

На моја 8 годишна возраст го добив првиот споменар (за помладите генерации кои не знаат, споменарот е украсна тетратка во која пишувавме за значајните случувања и за нашите емоции.)

Првата розова страница од овој споменар беше напишана токму за Тоше со наслов „Кога се заљубив првпат” и во него беше испишано: „Мојата прва љубов е Тоше Проески. Во него се заљубив од прв поглед. Го сакам, и ќе го сакам. Убав е и згоден. Тој е пејач, мора да го знаете. Надобриот пејач во Македонија. Првата моја љубов никогаш во мојот живот нема да ја заборавам.

fan-vo-sekjavanje-na-toshe-proeski-mi-se-javi-doma-zatoa-shto-gi-dobil-site-moi-poraki-ete-takov-golem-chovek-beshe-7.jpgфото: Грациела Петровска за CRNOBELO.com

Како поминуваа годините, така Тоше добиваше сѐ поголема поддршка и слава. Сите девојчиња лудуваа по него. Една од нив бев и јас.

На само 10 години бев толку луда по него што некако успеав да го дознаам неговиот мобилен број (тетка на моја другарка беше новинар па се смилува и ми го даде).

Секојдневно му се јавував и му оставав десетици пораки на мобилната секретарка: „Те сакам многу Тоше”, “Ти си мојот единствен идол”, “Те обожавам”, “Многу сакам да те запознаам”, “Те молам јави ми се и слично.

Една вечер околу 22 часот, со мајка ми гледавме филм. Заѕвони фиксниот телефон и мајка ми потрча да се јави. По нејзините зборови „Да....Да јас сум....аааа така...Да овде е... не можев да сфатам кој се јавил, но видов дека има огромна насмевка на лицето и нејзините образи почнаа да се зацрвенуваат.

Наеднаш се сврте кон мене и рече „За тебе е, те бара Тоше”. Во тој момент се стаписав, но не поверував бидејќи често сите правеа шеги на моја сметка затоа што знаеја колку многу го сакам, па реков „Ајде не ме зезај”. Мајка ми инсистираше да се јавам уверувајќи ме дека Тоше ме бара и навистина беше така.

Се претстави и рече „На телефон е Тоше Проески. Видов дека си ме барала многу пати и си ми оставила многу слатки пораки, па не можев да одолеам на толку мило девојче и да не ти се јавам да ти се заблагодарам.”  Ете, толку голем човек беше! Срце како планина, полно со искреност и добрина, полно со љубов која несебично ни ја даваше на сите нас.

Приказната продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg