Мажот нема да ти биде совршен и колку порано го прифатиш тоа, толку подобро

mazot-nema-da-ti-bide-sovrshen-i-kolku-porano-go-prifatish-toa-tolku-podobro-01.jpg

И не постои совршенство, престани да се нервираш... Размисли искрено, не си ниту ти совршена, имаш мал куп мани, на кои тој не пререкува.

Те прифати токму таква каква што си. Со сето твое лудило те сака интензивно, ниту грам помалку од првиот ден.

А што правиш ти? Постојано му одржуваш лекции колку тој не чини.

Постојано му ги нагласуваш работите што ги прави погрешно, карактерните црти кои те иритираат и однесувањето со кое те вади од такт.

Колку порано сфатиш и се помириш дека нема совршенство, толку подобро е за твоето ментално здравје.

Не, не говориме за неверства, лаги, физичко или психичко насилство, за такво нешто нема помирување ни под разно. Куферите и чао.

Но, говориме за онаа мала доза на флегматичност кај него што те иритира или начинот на кој ја фрла кошулата на кревет после работа или како „шмрка“ од супата додека јаде или си знаеш ти најдобро што.

Тие мали работи за кои му „попуваш“ секој ден, а тој како да не слуша.

Исклучен е од светот на некој начин. Но, можеби токму тоа нему му е издувниот вентил. Понекогаш само да ужива без обврски, да биде во тишина, да не мора да прави ништо.

Не се сите родени со енергија како твојата. Тоа што си ти незапирлива не значи дека и тој го може истото.

Таквото темпо на функционирање со сигурност ќе го истошти за кусо време.

Но, не очајувај, сите сме различни и понекогаш спротивностите се привлекуваат токму поради тоа за да се балансираат.

На твојот оган понекогаш му е потребна вода, а тој е совршената доза за тоа.

Ти не знаеш за стоп и некој мора да ти посочи од време навреме дека е сосема во ред да ги активираш „кочниците“.

Дозволи му да биде тоа што е, на начин на кој тој го прави истото за тебе. Ниту ти ги сече крилјата, ниту ти диригира како треба да живееш. Ја имаш слободата да се направиш себеси среќна, остави го и него да биде среќен со своите мали работи, без разлика колку тие тебе ти звучат глупаво и бесмислено.

За среќен брак, потребни се среќни и исполнети индивидуи, а ако некој некому постојано е тутор на главата, тогаш тоа дефинитивно е невозможна мисија.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Стефан Лазаров за CRNOBELO лексикон: „Ми ja дупнаа главата со стап како дете“ Се сеќавате ли на лексиконите што ги пополнувавме во училиште, но криевме кој ни...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Mи недостига снегот во декември, мавањето со снежни топки на големите одмори и празничната еуфорија ... Се сеќавам дека од тезгите на градскиот плоштад купувавме честитки. Оние од по 3...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg