13 години од последното ѕвездено небо: Зборовите на Тоше Проески за поголем концерт и подобро образование во Македонија уште ни одекнуваат (видео)

„Се надевам дека на следниот концерт кој ќе се случи за неколку години, сцената ќе биде на крајот од стадионот“ – овие зборови на Тоше, кои за жал никогаш не му се остварија, одекнуваат и 13 години по неговиот спектакуларен и за жал последен концерт, кој имаше хуманитарен карактер – за училиштата во Македонија.

13-godini-od-poslednoto-dzvezdeno-nebo-zborovite-na-toshe-za-pogolem-koncert-i-podobro-obrazovanie-vo-makedonija-ushte-ni-odeknuvaat-video-01.jpg

„Како проаѓа времето и другите концерти сѐ поназад се повлекуваме со сцената. Се надевам дека на следниот концерт кој ќе се случи за неколку години, сцената ќе биде на крајот од стадионот. Да ви се заблагодарам на вас бидејќи вие сте најзаслужни вечерва за ова што се случува.“ – вака Тоше го започна својот трет концерт, но за жал не успеа да ја исполни својата желба, бидејќи само 11 дена подоцна трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

На 5-ти октомври 2007-ма година, легендарниот Тоше Проески одржа спектакуларен концерт на Градскиот стадион во Скопје.

Концертот беше со хуманитарен карактер и поддржан од УСАИД, под мотото „Образованието е одговорност на сите“, а средствата кои беа собрани од картите кои чинеа 200 денари, се искористија за петгодишниот проект за основно образование финансиран од фондацијата.

„Денес сме на мое огромно задоволство на трет концерт мој, а посебно ми е чест што е хуманитарен и тоа дел од кампањатa на УСАИД. Сите средства кои ќе бидат собрани вечерва од картите се ваша донација за обновување на училиштата основни во Република Македонија.

Едно од тие училишта е и Никола Карев во Крушево, основното училиште каде што учев јас. Училиштето е веќе обновено и за неколку дена треба да се отвори. Драго ми е што новите генерации ќе имаат можност со нови методи и нова средина да се школуваат, затоа што школувањето е наша заедничка одговорност. Тоа е мотото на УСАИД. Ќе се обновуваат школите во Република Македонија.“ – со гордост изјави Тоше на почетокот на неговиот концерт и ја започна изведбата на „Игри без граници“.

На својот последен концерт, тој зрачеше со неверојатна енергија, во публиката владееше неповторлива атмосфера, неговиот ангелски глас ни ги топлеше срцата, а посебно запаметен останува моментот кога побара „Сликајте ме со ѕвезденото небо“, направено од илјадници телефони и запалки кои светеа од публиката.

На крајот од неговиот последен концерт, на Тоше и на неговите колеги им беа доделени статуетки Мајка Тереза, од истоимената фондација, во знак на благодарност за хуманото дело. Секако, Тоше ја посвети на неговите мајка и татко, кои му ја всадиле хуманоста од мали нозе. За сето ова време, небото над Скопје го осветлуваше огномет во чест на Тоше.

Неговиот непроценлив талент, огромното срце кое секогаш беше отворено за сите и подготвеност да помогне секому - никогаш нема да бидат заборавени.

Да не дозволиме младите генерации кои не успеаја да бидат маѓепсани од шармот на нашиот Тоше, да не слушнат за овој единствен и неповторлив човек.

Денес, на 5-ти октомври, 13 години подоцна, се потсетуваме на неговиот последен концерт:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во Македонија луксуз ни стана да отидеме во театар, на фризер и на ручек во кафеана Дојдовме во ситуација кога се молиме да не ни се најават гости, затоа што еден у...
И во Македонија има мажи домаќини, такви кои домот го претвораат во храм И во Македонија има мажи за медал. Онакви посветени на домот и семејството. Орга...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Зошто си одите од Македонија? Таму нема топло ајварче со сиренце. Таму нема домашно месени јуфки, сушени во дв...
Катарина Ивановска за CRNOBELO лексикон: „Во слободно време месам“ „Се скривме со другарка ми Ана зад кревет кога имавме 5 години. Нашите нè бараа ...
Животот може да почне и по 40-тата, ако го разбудите детето во себе Животот може да започне апсолутно во секое време. Понекогаш сè што треба да напр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg