На туѓата среќа не ѝ се радуваш затоа што мислиш дека ќе нема доволно за тебе

Некој купил нов автомобил. Друг си го реновира домот. Пријателката успеала да го симне вишокот килограми. Другарот си фатил девојка.

Na-tugjata-srekja-ne-se-raduvas-01.jpg

Ти малодушно, со зајадливост која ти го обвива срцето, мудруваш како тој автомобил не е доволно економичен. Како тие плочки изгледаат многу евтино. Како пријателката сега изгледа преслабо, дури нездраво. И како новата девојка на другарот не е ништо посебно и по малку ти оди на нерви, иако воопшто не ја познаваш.

Зошто срцето не ви дозволува да се радувате на туѓата среќа? И секогаш да ги истакнете прво мааните, недостатоците или да споделувате црни сценарија? Кога потребно е да кажете само неколку кратки зборчиња – браво, супер, со среќа, одлично. Се радувам.

Се радувате ли за некого, освен за себеси? Оној што не знае да се радува за некој друг, нема да се радува ни за себе. Тој токсичен егоизам еден ден ќе ви го столчи срцето, и она малку што ви останало од него.

Кога се радувате од срце на туѓата среќа, таа се умножува. И на некој неверојатен начин стигнува и до вас. Среќата е заразна. И дај боже да ја доживеете неа, но да доживеете и некој друг да се радува искрено за вас.

Среќата нема да се потроши доколку се радувате за некој друг. Не грижете се, ја има во изобилие. И ќе ве стигне. А најчесто ги следи храбрите, искрените и добрите души.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
Јавете им се на родителите, одете кај баба ви и дедо ви – не знаете колку време ви останува со нив Не можам да ви кажам што ќе ви донесе утрешниот ден, но можам да ви го кажам сле...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...
Жено, твоето премалку за некого е премногу – цени си го животот! Ти не си свесна, но имаш сè. Имаш човек што те љуби. Имаш луѓе кои за тебе би го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg