Поучна приказна: орелот треба да помине 150 дена низ пекол за да полета во повторно раѓање
Орелот има најдолг животен век помеѓу птиците. Може да живее дури до 70 години. Меѓутоа, за да ја доживее таа возраст, орелот мора да донесе тешка одлука. Кога навршува 40 години неговите долги и еластични канџи не можат повеќе да ловат плен кој му служи како храна.
Неговиот долг и остар нос започнува да се свива. Неговите стари и тешки крила поради збиените перја се вкопуваат во градите што му го оневозможува летот.
Тогаш на орелот му преостануваат само 2 работи: да умре или да помине низ болен процес на промена кој трае 150 дена. Тој процес подразбира орелот на одлета на врвот на планината и да седне во гнездото. Тука орелот колве со својот клун сè додека не му отпадне.
Откако ќе му падне клунот, тој чека да му израсне нов, па со него да ги исколве старите канџи. Кога ќе му пораснат нови канџи, орелот започнува да ги клука старите перја. И така, после 5 месеци, орелот полетува во повторно раѓање и живее уште 30 години.
Зошто на луѓето им е потребна промена?
Многу пати, за да преживееме, мора да го започнеме процесот на промена. Треба да избришеме некои сеќавања, штетни навики, лошото опкружување … единствено ослободени од товарот на минатото и наоружани со верба можеме подобро да го искористиме сегашниот миг.
(О)Милена | Црнобело