Не можеме да зборуваме за напредно општество и револуција, кога уште некој се инаети да плати пари за одржување на зграда!

Секогаш, одново и со истата доза на жал, констатирам дека од нас луѓе едноставно не бидува. Сакаме ред, сакаме дисциплина, сакаме напредно и успешно општество, а никој од луѓето не сака да се вклопи во вакво општество, да се интегрира во него.

Uste-se-inaetime-da-platime-500-den-za-zgrada-01.jpg

Ние всушност не сакаме да напредуваме. Нам ни одговара овој статус кво. Сакаме хаос, сакаме безредие, сакаме недисциплина.

Сакаме скратени патчиња до целта, сакаме секаде преку ред, сакаме да не платиме казна што сме ја заслужиле.

Сакаме да земеме возачка, иако немаме поим од возење, сакаме детето да ни помине со сите петки, иако не ги заслужува.

Сакаме сè, сакаме предности и привилегии, а за возврат не сме подготвени да дадеме ништо. Никаков придонес, никаков напор и жртва. Да може сè да ни е изџвакано и сервирано на тацна, па дури и тогаш ќе му најдеме маана.

Како очекуваме напредно општество од луѓе кои со години живеат во станбена заедница, а мислат дека се сами на светот, на имотот од дедо им и одбиваат да платат 500 денари за одржување на зградата?

Ним не им треба лифт. Не им треба покрив. Не им треба санација на ништо. Не сакаат влезна врата која се затвора. Немаат потреба од осветлување. Не гледаат потреба да се вароса барем влезот кој стои недопрен 35 години. Дури да се случи и наезда од глодари, никој нема да трепне со око. Не треба дератизација за лебарки. Е добро де, и тие се душички.

Тотално незаинтересирани и индиферентни суштества кои не ги боли увото за ништо, ама постојано имаат жалби и поплаки. Сите други се виновни, некој друг треба да ја потера револуцијата и да ја истера борбата, во која тие ќе бидат само нема публика или гласни сеирџии.

Имаат теоретско мислење за сè и практично решение за ништо. Кога го креваш гласот и кажуваш што е потребно да се среди, те гледаат како некој изрод, како некое досадно, напорно суштество кое постојано нешто бара и е вечно незадоволно.

Тие се „лабави“ си „кулираат“ во влезот и во лифтот со цигара, премногу се кренати над „обичните“ за да се заморуваат со такви небулози.

„Еј, комшија, не ни работи хидрантот, нема вода, не дај боже ако има пожар, ќе се запалиме. Законски треба да функционира“.

- Де бре па и ти, ама сте досадни, за еден хидрант и пожар…

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не се ставови на целата редакција на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
Кога сакам да не се нервирам, си велам „Ало, не е на татко ти“ Кога ќе видам како некој корне цвеќе од жардиниерата кај мостот „Гоце Делчев“ ил...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
27 работи што не сакате да ги слушнете (а сепак морате) Тоа што страдате повеќе од другите, не ве прави подобра личност. Тоа што стра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg