Си ја знам вредноста и никогаш повторно нема да дозволам некој да не ме почитува

Толку е. Готово. Завршив со давање на втори шанси. Завршив со тоа да им дозволувам на луѓето да ме третираат на начин кој не ми се допаѓа. Завршив со простување.

si-ja-znam-vrednosta-i-nikogash-povtorno-nema-da-dozvolam-nepochit-kon-mene-01.jpg

Си ја знам вредноста и никогаш повторно никому нема да дозволам некој да не ме почитува.

Правев грешки, признавам. Долго време им дозволував на луѓето да ја искористуваат мојата добрина и љубов. Им дозволував да ги преминуваат границите и им го простував лошото однесување кон мене.

Ги оправдував нивните лоши дела и наоѓав објаснување за нивниот лош однос. Стравот дека ќе останам сама, напуштена и ќе се чувствувам мизерно ме тераше на тоа. Ме притискаше стравот од тоа дека нема да бидам сакана.

Бев преплашена. Ќе сторев сѐ само да имам некој покрај себе. Некој кој ќе биде тука за мене. Некој кој ќе може да ме разбере и да ми ја даде љубовта, што очајно ми беше потребна.

За жал, не испадна како што очекував. Не ја чувствував љубовта која очајно ми беше потребна.

Наместо тоа, без повредувана, одново и одново. Од истите луѓе.

Живеев со разочарувањето долго време. Сѐ додека еден ден болката не стана неподнослива и конечно не го видов мојот живот таков каков што е – вистински кошмар. Живеев во пекол.

Не можев да верувам во што се претворив. Тоа беше моментот кога одлучив да сопрам. Направив избор и си ветив себеси дека повеќе нема да бидам дел од овој кошмар.

Па, еве сум. Одново го составив својот живот. Си ја вратив силата. Сфатив која е мојата вредност, за што сум способна и што заслужувам. Знам што сакам во животот и нема да се смирам додека не го постигнам тоа.

Најважно од сѐ е дека нема да трпам луѓе кои прават да се чувствувам како да не вредам.

Си го ветив тоа на себеси, за моето добро и мојата среќа.

Одбивам повеќе луѓето да ме искотистуваат и да не ме почитуваат. Одбивам да го трошам своето драгоцено време на нив. Веќе не толерирам дрски и лоши луѓе.

Отсега само луѓето што заслужуваат ќе бидат дел од мојот живот. Тоа е најмалку што можам да сторам за себе.

Извор

Би можело да ве интересира:

„Отворено писмо до мојот татко кој никогаш не беше тука за мене“ „Никогаш нема да можеш да ми ги вратиш оние години што ги пропушти. Никогаш нема...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg