Една слика – 1000 зборови: За пријателките кои ќе се појават кога најмногу ви требаат

„Ќе се најдеме каде што ќе бидеш ти“. Оваа илустрација е инспирирана од убавината на женските пријателства. Направена е во чест на оние пријателки кои се тука секогаш кога ви требаат најмногу.

ubavinata-na-zenskite-prijatelstva-01.jpg

Ако станеш мајка пред или долго после повеќето твои пријателки, може да изгледа застрашувачки, доаѓањето при себе после таква катаклизмична промена во животот. Животот на пријателката ќе продолжи да си тече исто како последниот пат кога пиевте коктели заедно. Додека твојот ќе биде хаос од пелени и хормони.

Изгубив контакт со некои од пријателките откако станав мајка. Но, да бидам искрена, дозволувам само најдобрите да си ги чувам во близина на срцето. Моите вистински пријателки се појавуваат секогаш кога ми се потребни.

Без разлика дали липав над пумпата за измолзување, дали им праќав слики од белегот од царскиот рез, или трчав по лазачот низ собата, моите најдобри пријателки беа тука за мене.

Навистина, немаа магично стапче, ниту пак имаа одговор на моите панични напади и прашања на тема деца, но седеа до мене, ме слушаа кога плачев, се радуваа со мене кога ќе поминеше одреден скок во развој на детето, и за момент ми дозволуваа да побегнам од реалноста со нивните приказни од секојдневието.

Секогаш се восхитувам на женските пријателства. Благодарам на сите пријателки кои се покрај мене во сите темни и светли моменти изминативе години.

Извор

Би можело да ве интересира:

Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...
Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Емотивно писмо до сите што ги загубиле родителите: „Зборувајте за оние што заминале, така тие ќе жив... Во првите денови по загубата, се чини дека солзите никогаш нема да преисушат, а ...
„Кога мајка ми дојде на гости, ми ги зготви сите омилени јадења и домот ми беше беспрекорно чист“ „Си играше со моите деца, беше до продавница, го прошета кучето... Се прашувам з...
Седев сама на гинеколошка онкологија во Скопје и ми се плачеше „Тргнав утрово на скопската клиника, а нозете ми се враќаа назад. Не сакав никој...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg