Едвај купив нов телевизор, пријателката наместо да ми честита ги наброја сите маани зошто не чини

Пред неколку денови успеав да си купам нов телевизор. И покрај пандемијата, и покрај уверувањата на другите околу мене дека во овој период не се трошат толку многу пари како претходно, сепак не увидов многу голема разлика. 

Nov-TV-prijatelkata-mi-gi-nabroja-site-maani-01.jpg

Трошоците се тие, сметките се тие, можеби единствено се намалија прославите од типот на родендени, повојници и свадби, па некако успеав да заштедам за нов телевизор.

Откако ѝ го покажав на мојата пријателка, таа со половина уста и некако потсмешливо, со лажна насмевка успеа да изусти: е за ова ли толку собираше пари? Па зошто не е поголем? Па зошто не е „попаметен“? Па има многу подобри модели, си можела да дадеш повеќе пари и да купиш подобар. Појак бренд, со подобра резолуција, побрз …

Додека таа набројуваше сè што не чини со мојот нов ТВ, се обидов да се сетам каков има таа. И искрено не ми текна. Затоа што не забележувам што купуваат луѓето, од кои брендови, а најмалку ме интересира колку чини сето тоа. Убаво ти е, ти прави ќејф? Те служи? Со здравје да го користиш/трошиш. Ама јас очигледно сум една од ретките кои размислуваат вака.

Мнозинството има потреба детално да ти го секцира животот и да ја анализира секоја твоја одлука, пресудувајќи ја како погрешен чекор. Кој ве направи кадија и судија на туѓи животи? Како секогаш знаете што е подобро за другите, наместо да си гледате за себе?

По некоја недела непланирано завршив кај неа на кафе и успеав да го видам нивниот телевизор. Не беше ништо подобар од мојот, дури напротив. Лошо е човек да се споредува, непристојно е, некултурно, но кога ваквите даваат забелешки на твоите избори, ти доаѓа да им „плеснеш“ во лице дека залудно го прават тоа. Немаат со што да го оправдаат.

Можев и јас да бидам некултурна и безобразна. Можев да ѝ кажам – леле каков телевизор имаш пак ти, постар и од мојот, каква канта, никаков … можев да дадам најмалку 10 безобразни коментари, но одбив да се спуштам на тоа ниво и да го направам тоа. Затоа што е бедно. Нема никаква потреба од докажување кој има поубави, поскапи, повредни работи во домот. До тоа ли дереџе дојдовме, да се цениме според телевизорите и колите и фрижидерите?

Секако дека пријателката ме разочара. Секако дека не е единствената. Секогаш има некој што ќе ви каже – зошто ваков фустан, зошто си ги купила тие чевли, зошто таа фризура, ама зошто си така нашминкана, кога вие знаете дека нема ништо што не е во ред со вас.

Вие се чувствувате убаво, а некој има потреба да ви надвисне како црн облак и да ви ја расипе среќата. Преку истакнување на негативни нешта, овој тип на луѓе се убедени дека на некој начин ќе се чувствуваат подобро самите со себе.

Наместо да се израдуваат за вас, да ви честитаат, да ви посакаат добро да ве служи нештото или да си го износите со ќејф, тие преминуваат на завидливи, злобни и негативни коментари, обидувајќи се да ве „спуштат“ на земјата.

Не се преиспитувајте себеси. Нервозата е залудна. Доколку вие сте среќни со тоа што го имате, не постои некој што ќе ви ја помати радоста.

А завидливоста е болест. Ако мислите дека се лекува со вакви негативни, зајадливи коментари, се лажете. На овој начин ја храните, таа постојано расте.

На крајот толку ќе ве обземе, што ќе ви го стисне срцето во зрно грашок и ќе ве стегне во душата. Наместо рафално да пукате негативни коментари, за промена кажете нешто убаво. А ако немате да кажете ништо убаво, молчете. Нема да боли.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: (О)Милена | Црнобелo

Би можело да ве интересира:

„Ноќта кога почина мајка ми сфатив што е вистинска љубов - ми покажа татко ми со кого беше 55 години... „Јас сум среќен вечерва, а знаете ли зошто? Затоа што таа замина пред мене. ...
„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Спомен што секогаш ми измамува насмевка: Тоше и Дејан Лилиќ правеа склекови, а јас ги фотографирав Моите спомени поврзани со Тоше никогаш не се тажни. Напротив, ми измамуваат насм...
„Порака до швалерката на мојот маж: Не ни сонував дека еден ден ќе ти бидам благодарна“ „Неговото неверство ме повреди на начин на кој не можев ни да замислам, но ме ск...
Среќата за секого е нешто различно - за едни е совршено исчистен дом, за други лице без брчки „Родителите и децата се вртеа во соблекувалната на градинката. Мали принцези со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg