Мајко не паничи, детето ги наследува твоите стравови

majko-ne-panichi-deteto-gi-nasleduva-tvoite-stravovi-01.jpg

Зошто врескаш кога ќе падне твоето дете? Зошто реагираш бурно и при најмала опасност?

Не менуваш ништо само во него всадуваш стравови.

Исконтролирај се. Премолчи. Стравот во себе задржи го. Не паничи.

Твоето малечко е сунѓерче. Ќе го впие секој еден свој страв и тој ќе стане негов.

Зарем сакаш од него да израснеш плашлива личност?

Зарем сакаш да се плаши од грмотевици, од пливање во длабокото, од возење велосипед, од инсекти, од кучиња?

Зарем сакаш постојано да се стресува наместо да биде мал самоуверен „херој“?

Остави го нека се радува на дождот, нема да го стопи, нека ужива во глетката на грмотевиците кои го распоруваат небото, нека плива слободно, нека мисли дека светот е негов.

Нормално, ти во секој миг имај го на око и чувај му го грбот. Но, никогаш тоа нека не го знае.

Пушти го да лета слободно. Да научи да го сака животот. Да ја сака природата. Да ги сака животните.

Ослободи го од своите стравови. Ти имаш фобии кои те мачат до ден денес, но нема потреба да направиш и тоа да биде нивни заробеник.

Покажи му дека само небото е граница.

Со смирен глас кажи му дека не е страшно што паднало, ќе му помине, битно е да стане повторно. Не врескај, не прави стрес и не всадувај страв таму каде што нема потреба.

Паниката апсолутно во ниту една животна ситуација не донела ништо добро.

Нема место за паника. Има место само за рационално размислување и постапување.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајко Македонијо, зошто ова ти го правиме? Зошто само лошо за тебе зборуваме, како грам љубов во срцето за тебе да немаме? ...
Скопје мое! Те сакам тебе и твоите липи на Партизанска, јапонски цреши на Максим Горки и калдрмата в... Ах, тие твои магични кафулиња на секое ќоше, сончевите денови, Воднооо, Градскио...
„Носите болни деца во градинка, затоа се разболуваат и нашите“ – Ми се гади од коментарите на родите... Немаме сите цело село зад нас што може да ни помага и ментално и финансиски и фи...
И ние бевме првачиња, па успеавме и без накитени торти, ранци и кутии за храна – потребен ли е овој ... Се приближува почетокот на новата учебна година, време кое за родителите на прва...
Животот може да почне и по 40-тата, ако го разбудите детето во себе Животот може да започне апсолутно во секое време. Понекогаш сè што треба да напр...
Први април: Наместо ден на шегата, се претвори во натпревар кој повеќе пари ќе потроши за правење ма... Кога јас бев дете, едвај чекав да станам овој ден и да почнам со „лаги и шеги“ н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg