Не можеш да ги носиш луѓето до работ и да очекуваш да не пукнат
Не можеш да си констатно негативна и да очекуваш да бидеш сакана.
Не може да си токсична и полна со отровни стрели, а да мислиш дека некој посакува да го минува времето со тебе.
Не може да критикуваш сѐ и секого и да очекуваш некој да има добро мислење за тебе.
Не можеш да се будиш со мислата како на другите да им го отежниш животот, а да очекуваш од нив да го олеснат твојот.
Не можеш луѓето да ги нарекуваш со погрдни зборови, а да очекуваш од нив да те гледаат со милост.
Не можеш да им кажуваш на другите како да живеат и да очекуваш од нив да бидат дел од некоја твоја замислена послушна армија.
Не можеш да ги доведуваш луѓето до работ и да мислиш дека нема да пукнат.
Ќе пукнат... Само прашање на време е кога.
И кога ќе пукнат ќе ти кажат што сѐ мислат за тебе,
Ќе ти кажат дека се ежат од твојата негативна енергија,
Ќе ти кажат дека ги иритира тонот на твојот писклив глас,
Ќе ти кажат дека ти како појава им го мрачиш денот,
Ќе ти кажат дека си токсична и штетна по нивното здравје и добробит,
Ќе ти кажат дека на сите им го отежнуваш животот.
Ќе ти кажат дека твоето однесување не може да ти донесе љубов од страна на другите.
Ќе ти кажат дека си иритантна, неподнослива, напорна и на моменти дури злобна,
Ќе ти кажат дека ниту им го разубавуваш животот, ниту им го олеснуваш,
Ќе ти кажат дека сѐ што постигна со дрскоста е да им се одмилиш,
И ќе ти кажат дека всушност подобро би им било без тебе.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело