Роди си деца и остави ги баба и дедо да ги чуваат, напорно ти е, не можеш ти да постигнеш!

rodi-si-deca-i-ostavi-gi-baba-i-dedo-da-gi-chuvaat-naporno-ti-e-ne-mozhesh-ti-da-postignesh-001.jpg

Не, не говорам за оние родители кои еднаш, двапати во седмицата ќе ги остават децата кај баба и дедо или пак ќе им се јават да им ги причуваат децата кога тие се на работа, а градинката не работи...

Говорам за оние кои се однесуваат како тие да не ги родиле и направиле своите деца, како тие да не се нивна одговорност за да крајот на животот и како да им е претешко да си ги чуваат сопствените деца.

Децата практично ги одгледуваат нивните баби и дедовци. Од хранење до домашни задачи од училиште, бабите и дедовците практично изигруваат родители.

Луѓе кои веќе се во 70-тите години од животот допрва треба да растат деца. Зарем не е жално тоа? Место да им се дозволи да уживаат во пензионерските денови? Плус, што ќе ги научат тие деца? Која турска серија е најдобра и која турска актерка најубава?

Кога веќе правевте деца, сега кажете ѝ малку стоп на себичноста и посветете им се ним. Учете со нив, хранете ги, шетајте ги, тоа е ваша родителска обврска.

Никој на сила не ве тераше да имате деца, па да си давате за право да кажете дека не можете да се справите со нив. Никој не ви стави нож под грло, па така сега ред е и и вие никој да не тормозите да чува и воспитува деца кои не се негови.

Како може да се помирите со својата неспособност? Вие не умеете да го смирите своето дете, да го заиграте, да го нахраните, да му помогнете да стекне основни животни навики? Со што тоа заслужи да има „неродител“ како вас? Што згрешило?

Извадете ги рацете од џеб и потрудете се малку повеќе. Луѓе околу вас и со по 3 деца се снаоѓаат одлично без ничија помош.

Ве фаќа хистерија, врескате, само вашите деца биле најлоши на свет... Не, не се најлоши, само им недостига внимание и воспитание од родител. Ако им се посветите, ќе бидете изненадени од резултатот.

Ако се лигави, неуки, неподносливи, верувајте дека тоа е поради вас. Вие потфрливте како родител, вам ви беше поважно сѐ друго од тоа да минете време со своето дете, вам ви беше поприоритетно сѐ друго од тоа да бидете главна и одговорна личност во воспитувањето на вашето дете.

Доста се жалевте, доста ги предавате своите обврски на баби и дедовци, вложете малку време, трпение и љубов во своите малечки... Тие ќе бидат луѓе какви што вие ќе ги обликувате, тие се дел од вас, зарем не сакате да ги изведете на прав пат, зарем не сакате од нив да израснете луѓе на какви горди ќе бидете и луѓе кои ќе ви благодарат за тоа што сте ги направиле тоа што сте?

Ајде заборавете малку на баби и дедовци систем и засукајте ги ракавите. Читајте со вашето дете, разговарајте трпеливо, објаснувајте му сѐ со смирен тон, наоружајте се со трпение и наскоро ќе се изненадите од тоа какво дете имате.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Златно море, ти во Дојран ќе одиш“ – ми се гади од бесчувствителните коментари на луѓето Да се разбереме – немам ништо против луѓето што одат на море и немам намера да к...
Ми недостасува играњето надвор до доцна кај баба и дедо на село и ладната вечера Кога бев дете не го сакав крајот на летото и август. Тогаш си доаѓав дома од сел...
За бабите што чуваат внуци, еден медал ќе ве молам! Ако вашето дете има баба која го сака подеднакво силно како и вие, тогаш вие сте...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Секој маж може да добие дете, но тоа не го прави „татко“ Биолошкиот родител претпоставува дека ја заслужил љубовта на своите деца само за...
Во свет каде што не се гледа бесконечниот, тежок товар на мајките, вие го забележавте... „Ти си прекрасна мајка“, ми кажавте откако си зедовте за право да ми помогнете в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg