Се надевам знаеш дека тагата не трае вечно - еден ден и ова ќе помине
Во ред е. Ти си во ред. Нормално е да се чувствуваш исплашена. Во ред е да се чувствуваш обехрабрена. Во ред е да се чувствуваш изгубена.
Минуваш низ тешка фаза од твојот живот.
Животот е непредвидлив и на моменти ужасен. Има денови кога тонеш во тага.
Но и тоа е дел од животот. И тоа ќе помине. Не можеш да имаш среќа, без да имаш тага. Тие се надополнуваат на некој чуден начин, онака како што нема светлина без малку темнина.
Сите тие фрагменти се важен дел од твојот живот. И токму тие прават едно прекрасно патување.
Само се надевам дека си свесна дека тагата не трае засекогаш.
Сѐ минува, сѐ избледува. Па, така во моментов чувствувај се така како што се чувствуваш. Дозволи си да бидеш тажна и да имаш тежина на срцето.
Дозволи си да бидеш исплашена и соочи се и прифати го тоа што животот ти го сервира.
Секое искуство е лекција, па научи од него. Врескај, плачи гласно колку што сакаш и прави го тоа што сакаш да го правиш.
И најважно од сѐ не заборавај дека тоа низ кое минуваш сега нема да трае вечно.
Еден ден душата повторно ќе ти биде слободна од болка. Стравот ќе исчезне, а и двоумењата од твојот ум. Очите повторно ќе ти блескаат од среќа.
Ќе се родиш одново. Ќе се чувствуваш повторно како своја во својата кожа.
И разбери ќе бидеш добро.
Ти ветувам...