За сите мајки кои ги дојат своите најмили низ солзи...
Поддршка за сите мајки кои ги дојат своите најмили низ солзи...На подот во купатилото, на задното седиште во автомобилот, на троседот во 3 часот наутро, во супермаркет помеѓу полиците, на сред улица при враќање од паркот...
Вие сте одговорни за оваа магија. Вие правите чудо. Иако не се чувствувате секогаш магично во овој момент.
Вие мајки сте силни и моќни – иако би сакале да си легнете макар и на подот и да спиете 7 дена.
Вие сте сакани и ја имате поддршката од сите – дури и во оние осамени моменти кога имате чувство дека сте сосема сами на светот и одговорни за едно мало суштество, кршливо срце, а тежината која ви стои во душата е огромна.
Без грижа, вие сте прекрасни и го правите ова со многу љубов.
Вие сте силни, решителни и го правите најдоброто за вашите најмили.
Потсетете ги колку ги сакате вашите пријтелки мајки на кои им е потребна поддршка и сила, потсетување колку се важни, за да им го разубавите денот.
Е. П. | Црнобело