Најинспиративната поучна приказна за човекот, бродоломот и колибата
Поучна приказна со моќна порака:
Се случил ужасен бродолом и преживеал само еден човек. Кога се освестил видел дека брановите го исфрлиле на ненаселен остров.
Почнал секој ден да се моли Бог да го спаси. Секојдневно со часови и часови гледал во морската шир, очекувајќи да се појави помош.
Уморен од тоа исчекување на крајот одлучил да отплива до остатокот од бродот, да извлече штици и да си изгради колиба, која ќе го штити од разни непогоди и ќе го чува она малку што му останало.
Но, еден ден враќајќи се од вообичаената потрага по храна тој ја видел својата колиба во пламен. Му се чинело дека огнените јазици се издигнуваат до небото.
Најстрашно било што во пламенот изгубил сѐ што имал. Бил совладан од тагата и бесот.
„Боже, како можеше ова да ми го направиш?“, низ солзи велел тој.
Пред зората го пробудил звук на брод кој се приближувал до брегот на неговиот пуст остров. Дошле да го спасат.
„Како знаевте дека сум овде“, ги прашал измачениот човек спасувачите.
„Ги видовме димните сигнали“, одговориле тие.
Кога нешто не е како што треба, тогаш многу е лесно да ви падне духот. Но, вербата не смееме да ја губиме никогаш затоа што има спас и кога најмногу страдаме.
Ако твојата колиба повторно се запали и до темел изгори, сети се дека тоа можеби е димниот сигнал потребен за твојот спас.
С. С | Црнобело